Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за вработување во Куманово регистрирани се 11.924 невработени лица. Од нив 6305 се жени и 5.619 мажи.
Најмногу невработени, вкупно 6906 се без образование и со основно образование, од нив 3830 се жени и 3076 се мажи, потоа со завршено средно 3174, од кои 1557 се жени и 1617 мажи, со високо образование 674, магистри 31 и докрот на науки 1.
Најмногу невработени жени има на возраст од 50 до 59 години и нивниот број изнесува 1946, од 50 до 54 години се 1745, 1290 со над 60 години и 1124 од 20 до 24 години.
Според националната структура први на листата на невработени се 6846 Албанци, 3821 Македонец, 869 Роми, 337 Срби, 18 Турци и др.
Во Центарот за вработување во Куманово се евидентираат невработени лица од Куманово, Липково и Старо Нагоричане.