Во Куманово утрово се измерени -10, во Крива Паланка -16 степени
Во Маврови Анови и Берово се измерени - 20, -18 Попова Шапка, -16 Крива Паланка, Битола, -15 Крушево, -13 Тетово, Прилеп, -12 Охрид, Претор, Штип, Виница, -11 Демир Капија, Дебар, -10 Струмица, Куманово, -9 Скопје, -6 Дојран, -4 Гевгелија.

Највисока снежна покривка има во Маврово 39 сантиметри, 31 Попова Шапка, 15 Пожаране, Крушево, 9 Крива Паланка, 6 Битола, 5 Охрид, Ѓуриште, 4 Тетово, 2 Виница, Берово.
Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.