Во Липковско гори 50 хектари шума
Голем пожар од вчера беснее во с.Пресница, Општина Липково. Според информацијата на Регионалниот центар за управување си кризи (РЦУК) гори 50 хектари шума.

Пожарот е пријавен во Шумското стопанство, Територијалната противпожарна единица и Дирекција за заштита и спасување.
Од страна на Шумско стопанство во 17 часот добивме информација дека пожарот е активен и дека се опожарени околу 50 хектара шума, но поради непристапниот терен неможе да се гасне. Движењето на пожарот е кон горниот дел на планината каде уште има снег и се надеваат дека пожарот нема да се шири, - стои во соопштението на РЦУК.
Екипи на Територијалната противпожарна единица и Шумското стопанство се на терен и се обидуваат да го изгасат пожарот.