Мени

Во љубовта треба да се истрае- порака која ја носи хрватската претстава

03.10.2019 11:09 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, кумановци синоќа во рамките на фестивалот „Денови на комедија“ имаа можност да ја погледнат хрватската претстава „Љубоф“, во режија на Горан Рибариќ.

Во љубовта треба да се истрае- порака која ја носи хрватската претстава

Станува збор за трагикомедија која зборува за распад на семејството, заради монотонијата во која паѓа секоја врска по одреден период. На почетокот на драмското дејство, двајцата сопружници едвај чекаат да се разделат. Меѓутоа, пресвртот во драмата се случува кога ќе се сретнат по вторпат: жената раскажува за нејзиниот маж кој не работел ниту еден ден од кога стапиле во бракот, а нејзиниот бивш сопруг за неговото палто полно со прашина. Иако на почетокот репликата на сопруугот дека во бракот треба да се истрае е прикажана комично, сепак на крајот излегува чиста вистина.

„Ние бевме изненадени кога слушнавме за колкав број на публика станува збор. Претставата не беше создадена за толкав број на публика. Ние сме изненадени и од питомоста на публиката и тоа е она штои не` понесе“ во текот на претставата“,- истакна младата актерка Марушиќ.

Во претставата играат актерите: Матеа Марушиќ, Дориан Паулиќ и Владимир Андриќ.

Комедијата е работена по текстот на Мареј Шизгал, а музиката во претставата е на Иво Робиќ, насловена како Странци во ноќта.