Мени

Во сабота ќе започне со работа авто-пазарот во Долно Којнаре

18.05.2026 14:48 | Сузана Николиќ

ЈП „Пазариште“ во сабота ќе го отвори авто-пазарот на локацијата во Долно Којнаре. Пазарот ќе работи секоја сабота од 7 до 15 часот и има капацитет од 200 до 300 возила.

Во сабота ќе започне со работа авто-пазарот во Долно Којнаре

„Како најголема општина во регионот, имаме потреба од ваква услуга. Располагаме со човечки капацитети и без големи вложувања ќе можеме да им ја овозможиме оваа услуга на граѓаните. Ова ќе биде прв авто-пазар во регионот“, изјави в.д. директорот Суад Зејнулахи.

Тој додаде дека постои интерес и кај сопственици на приватни плацеви, кои за време на викендите би ги продавале своите автомобили на новиот авто-пазар, како и кај граѓаните кои сакаат да посетуваат вакви пазари.

Сите заинтересирани продавачи можат да резервираат продажно место на телефонскиот број 070-935-739.

Од претпријатието ги повикуваат граѓаните да го посетат првиот авто-пазар во Куманово.

За потребите на пазарот е тампониран паркинг, со што ќе се реши проблемот со паркирањето на оваа локација. Паркингот ќе има капацитет за околу 1.200 возила.