Во среда второ авионско прскање против комарци во Куманово
31.07.2026 10:11
| KumanovoNews
Во среда на 5 август, во Куманово ќе се спроведе второто авионско прскање против возрасна форма на комарци.
Со прскањето ќе биде опфатена површина од 1.270 хектари, по течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје и прочистителна станица JП„Водовод“ – с. Доброшане.
Од Општината апелираат до пчеларите навреме да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства.
Доколку временските услови не дозволат реализација на третманот, прскањето ќе биде одложено за првиот нареден ден со поволни временски услови.