×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во средните училишта во Куманово и Липково има 2.348 слободни места за упис во прва година

    01.04.2024 10:14 | Оливера Пешевска

    Според конкурсот на Министерството за образование и наука во новата 2024/2025 година ќе има 2.348 слободни места за упис во прва година во средните училишта во Куманово и Липково.

    Во средните училишта во Куманово и Липково има 2.348 слободни места за упис во прва година

    Во Куманово се предвидени 2.187 места, а во средното училиште во Липково 161 ученик. 

    Најмногу слободни места, исто како минатата година, има во Техничкото училиште „Наце Буѓони“  и тоа за 637 ученика, распоредени во 19 паралелки за здравствената струка, насока за електротехничар за компјутерска техника, автоматика, електро и машински техничар и др. Од тоа 9 паралелки со 297 ученици со настава на македонски јазик и 340 ученици во 10 паралелки на настава на албански наставен јазик.

    На стручните насоки во СОУ „Перо Наков“ можат да се запишат 554 деветооделенци во прва година, рамномерно распоредени по 277 ученика во по 10 паралелки на македонски и албански наставен јазик. Во ова училиште има зголемување бројот на слободни места.

    „Во конкурсот на МОН имаме одобрено паралелка со тригодишно образование, за кое немаме доставено барање и реално немаме потреба. Нема интерес за тригодишните насоки, од економско-правно и трговска струка, поатрактивни за учениците се оние четиригодишните. Веднаш реагиравме до надлежните во министерството, настојуваме да се направи измена и дополна на конкурсот со уште две паралелки на македонски наставен јазик токму од посочениот смер, но со четиригодишно образование“, истакна директорката Мила Жибак- Димковска.

    Зголемување на бројот на ученици во прва година е предвидено и во Државното средно училиште „Киро Бурназ“- 418 ученика во 16 паралелки. На конкурсот на официјалната страница на МОН нема отворени места за дентален асистент, насока која беше воведена минатата, учебна година. Сличен проблем училиштето имаше и со ланскиот конкурс, кога не беше предвидено запишување на ученици на смерот за фармацевтски техничар, но раководството на училиштето успеа да се избори наставата да продолжи, особено поради голем интерес и кај децата и кај компаниите.

    Во Гимназијата „Гоце Делчев“ има место за 340 ученика во 10 паралелки и тоа една на српски јазик, една билингвалната паралелка со настава на македонско-француски јазик и останатите 272 поделени во 8 паралелки со настава на македонски јазик.

    Во Гимназијата „Сами Фрашери“, пак, се предидени 238 слободни места за прва година.

    Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во јунски уписен рок со две пријавувања. 

    Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука. Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024, а конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 26 јуни, најдоцна до 9 часот наутро.