×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Водовод“ ја заврши 2023 година со загуба од 278 илјади евра

    01.04.2024 18:23 | Оливера Пешевска

    ЈП „Водовод“ од Куманово минатата година ја заврши со загуба од 17.147 милиони денари или нешто повеќе 278 илјади евра. 

    „Водовод“ ја заврши 2023 година со загуба од 278 илјади евра

    Како причини за ваквата состојба, според менаџментот, се високите сметки за скапата електрична енергија и зголемената минимална плата на вработените. 

    „Оваа загуба е помала за 20 милиони денари во однос на 2022 година, но сепак претставува проблем во тековното работење на јавното претпријатие. Потрошувачката на електричната енергија 95 насто отпаѓа на пречистителна, филтер станица и пумпните станици кај Митев мост и Бедиње, а само околу 4 отсто е за административната зграда, што значи дека овој трошок никако не може да се намали. Втора причина е износот на платите, минатата година исплативме околу 26 милиони денари поголем износ за плати, поради зголемување на минималната плата и 10 проценти зголемување на плати во октомври согласно новиот колективен договор. Ако се земе во предвид и сегашново покачување, од април можеме да замислиме каква ќе биде состојбата идната година“, истакна директорот Оливер Стојмановски.

    Директорот тврди дека на приходната страна е постигнат максимум, дека оствариле околу 83 отсто наплата, кумулативно за цела година и 62 отсто на тековните сметки, со што спаѓаат во претпријатија кои остваруваат највисока наплата. Истовремено трошоците се само за неопходните потреби.

    Стојмановски вели дека едно од најгорливите прашања во претпријатието се старата водоводна инфраструктура, поради што имаат дури и до 50 насто загуба на произведена вода како и дивите приклучоци, со кои никако не можат да се справат. Претпријатието по овој основ остварило приход од околу 120 милиони денари, на годишно ниво, тоа значи дека се произведени повеќе од 250 милиони денари вода, а половина од тоа не се наплатени.

    „Секојдневно работиме на откривање на диви приклучоци, пријавуваме до полицијата и судот, но казната е 1.500 денари за лице. Ние, како претпријатие повеќе средства трошиме да се подготви тужбата, а немаме друг механизам да се заштитиме. Од друга страна, минатата 2023 година заменивме околу 2 километри оштетени, водоводни цевки“, појаснува Стојмановски.

    Советникот Миле Андоновски побара да се најде решние за големите губитоци на вода, со кои се одлеваат и големи средства на претпријатието. Тој апелираше да се достави барање до Општина Куманово и Советот, за да се изнајде начин на обезбедување на финасиски средства за реновирање и замена на определни делници од водоводната инфраструктура, преку разни извори на пари- донации, помош од централната власт итн.

    ЈП „Водовод“ Куманово има апартура и технички можности за прецизно детектирање на подземни дефекти, истекување на води и лоцирање на локациите каде се најголемите губитоци на произведена вода.