Мени

Возел мотокултиватор без дозвола, полицијата го привела

08.10.2026 15:27 | KumanovoNews

Кумановец бил приведен во полиција, откако бил фатен додека управува мотокултиватор без возачка дозвола.

 

Возел мотокултиватор без дозвола, полицијата го привела

Вчера во 10:20 часот, на улицата „Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Ш.С. (43) од Куманово.

„При контрола на патниот сообраќај, бил запрен мотокултиватор, при што било утврдено дека го управува без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.