×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработени во „Бучен Козјак“ засадија 70 садници на Градскиот кеј

    27.11.2021 19:40 | KumanovoNews

    Вработените во компанијата „Бучен Козјак“  спроведоа акција за пошумување на паркот на Градскиот кеј во Куманово.

    Вработени во „Бучен Козјак“ засадија 70 садници на Градскиот кеј

    Акцијата се одржа вчера по повод „Социјален петок“ - глобален настан кој се залага за зачувување на животната средина, а ги промовира активностите коишто ги спроведуваат општествено одговорните компании.

    „„Бучен Козјак“ со дел од своите вработени, во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово, на забавен и користен начин го искористи петочното пладне за општествено одговорни активности. На Градскиот кеј засадивме 70 садници, по должината на шеталиштето и дадовме свој придонес кон локалната заедница“, вели Наташа Денковска - Бојковска, директорка во „Бучен Козјак“.

    Од компанијата додаваат дека ова е почеток на една нова иницијатива, за поддржување на општествено одговорните практики, кои „Бучен Козјак“ ги спроведува со години наназад.