Мени

Христос воскресе – православните верници го слават Велигден

12.04.2026 09:13 | KumanovoNews

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден - Христовото воскресение, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите.

Христос воскресе – православните верници го слават Велигден

По тој повод во сите православни храмови се одржува воскресенска литургија. Верниците се поздравуваат со традиционалниот поздрав „Христос воскресе - Навистина воскресе“. Денеска се кршат велигденски јајца и се јаде мрсна храна по 40-дневен пост.

Празникот на Христовото воскресение - Велигден е празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта, на доброто над злото и ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите, подарувајќи вечен живот на оние што веруваат во него и докажувајќи дека е Бог.