×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Втор помор на риби за 20 дена во Пчиња кај Доброшане

    18.08.2022 20:22 | Сузана Николиќ

    Помор на риби од вливот на реките Кумановка и Пчиња по течението кон Искрин мост, синоќа забележале кумановските рибари.

    Втор помор на риби за 20 дена во Пчиња кај Доброшане

    Тие го пријавиле случајот во Државниот инспекторат за животна средина(ДИЖС), при што веднаш бил извршен вонреден инспекциски надзор на лице место.

    „Во вечерните часови се земени повеќе мостри на вода од разни локации пред и по Пречистителна станица за третман на отпадни води во с. Доброшане, а направена е и фото документација и видео снимки од страна на неколкуте присутни рибари. Директорот на ЈП „Водовод“ Куманово, кој беше присутен на локацијата, информираше дека е настанат краткотраен проблем со довод на електрична енергија околу 18 часот кога станицата не била во редовна функција“, соопштуваат од ДИЖС.

    Мострите од вода се доставени до акредитирана лабораторија за животна средина, а врз основа на лабораториски анализи ќе се води понатамошна инспекциска постапка со соодветни мерки и санкции.

     За само 20 дена ова е втор помор на риби во реките Кумановка и Пчиња. И тогаш беше извршен вонреден инспекциски надзор во Пречистителната станица за отпадни води во селото Доброшане со која стопанисува ЈП „Водовод“ во Куманово и во фабриката за преработка на зеленчук во селото Драгоманце во општина Старо Нагоричане, поради тоа што во водата беше испуштена виолетова течност во  реката во селото Драгоманце. Примероците од угинатата риба беа предадени на анализа на Државниот инспекторот за земјоделство.

    Резултати од анализите се` уште не сe познати за јавноста.