×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • (ВИДЕО) Се реконструираат просториите на поранешен Архив во Занаетчиски дом Куманово

    05.03.2024 14:47 | Оливера Пешевска

    Во наредните два месеци ќе се реконструираат просториите во Занаетчискиот дом во Куманово, во кои работеше Архивот.

    Според договорот кој е јавно достапен, вредноста на проектот е 9,097 милиони денари, односно близу 150 илјади евра, а тендерот го добила е „Филип Иншенеринг ДООЕЛ“ ОД Скопје. Рокот за изведување на работите е 75 дена од почетокот на интервенциите.

    Договорот предвидува подготвителни работи- изнесување на преостанатиот мебел, инвентар и отпад, демонтажа на окапници и потпрозорски банци и вадење на малтер од ѕидовите и плафоните, градежните работи предвидуваат гипс-картонски интервенции на ѕидовите и плафонот. Ќе се постави хидро и термо  изолација на кровната тераса, нови окапници и атмосферски кровни одводи. Во простоориите ќе биде поставен нов дрвен под, а потполно ќе се реновира и тоалетот на вториот кат. Во проектот е предвидена замена на електричната мрежа и инсталирање на нова водоводна- канализациска инсталација.

    Со проектот е предвидено само да се интревенира на терасата, која протекува, а не и на фасадата.

    „Оградата која се обрушува има специјален третман, да се заштитат минувачите, пред се пешаците. Тоа е направено заедно со ескперти од Националниот конзерваторски центар, тие дадоа процена и ја констатираа моменталната состојба. Во проектот е предвидена внатрешна адаптација и санација на просторот, не смееме да работиме ништо на надворешноста на објектот затоа што тоа е заштитен објект и за изведување на работи на надворешноста даваат мислење и насоки, готово решение експертите за конзервација по кое мораме да постапиме без никакви отстапки. Како симбол на Куманово мора да се заштити и направи“, истакна Горан Митевски, раководител на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции,стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР.

    Но, граѓаните предупредуваат дека и фасадата на објектот е во исклучително лоша состојба, и претставува опасност за безбедноста на граѓаните. 

    „Пред некој ден падна цигла покрај група од 3-4 луѓе, пиеја кафе, тука на ќошот. Покрај еден дечко помина, за малку го промаши. Тоа не е инцидентно, кога дува ветер или врне не паѓаат само делови од фасада. Само да го измалетерисуваат, искречат да заличи на нешто“, коментираат таксисти кои често прават пауза во сенката на Занаетчиски дом.

    Занаетчискиот дом беше реконструиран во 2016 година, кога беа потрошени 325.000 евра. Поголемиот дел од објектот беше ставен во функција и сега се користи. Објектот е поделен на три функции: приземје со трговска дејност, голема сала, на првиот кат е сместена Фондацијата за култура и спорт, сала за венчавки и културни манифестации, канцеларии.

    Камен темелник на Занаетчискиот дом во Куманово бил удрен при крајот на мај 1930 година. Свеченото пуштање во употреба, односно осветувањето  на Домот се случило на 21 ноември 1930 година, кога била организирана помпезна свеченост, а објектот свечено бил “осветен” и пуштен во употреба од претседателот на тогашната влада на Кралство Југославија, Петар Живковиќ.

    Многумина го нарекуваат кумановски Нотр Дам, и е препознатлив белег на градот и сигурно најинспиративното архитектонско здание на рускиот инженер Владимир Антонов.Во минатото објектот се користел за повеќе намени, но низ времето објектот го задржал првобитниот изглед.

     

    (ВИДЕО) Се реконструираат просториите на поранешен Архив во Занаетчиски дом Куманово