Мени

Зголемена потрошувачката на вода - „Водовод“ апелира за рационално и разумно трошење

05.07.2019 08:35 | KumanovoNews

ЈП „Водовод“ од Куманово апелира до граѓаните рационално и разумно да ја трошат водата во текот на летниот период, бидејќи во последните пет дена од почетокот на месецот потрошувачката е зголемена за 15 отсто, во однос на предходниот месец.

Зголемена потрошувачката на вода - „Водовод“ апелира за рационално и разумно трошење

„Откако градот го зафати топлотниот бран драстично е зголема потрошувачката на вода и во просек се движи над 320 литри во секунда. Апелираме до  граѓаните да се однесуваат одговорно и водата да ја користат само за потребите во домаќинствата, а не и за полевање на бавчи, тревници и миење на улици. Најмногу вода се троши од 16 до 19 часот, - вели Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.

Поради големата потрошувачка на вода, во попладневните часови се случува да има пад на притисокот во повисоките зони, но директорот вели дека добиваат доволни количини на вода од ЈП „Водостопанство“ Кумановско-липковско поле и нема опасност од проблеми во водоснабдувањето во текот на летото.