Мени

Жител на Четирце поседувал оружје

26.09.2013 12:33 | KumanovoNews

 З.С.(48) од селото Четирце во својот дом чувал оружје и муниција.

Жител на Четирце поседувал оружје

 Минатиот месец при извршен претрес во домот на пријавениот  пронајден е пиштол марка „ЦЗ “кал.7,62 две рамки и девет куршуми што пријавениот неовластено го поседувал.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.С. за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.