Жител на кумановско село со нож нападнал сосед
23.01.2025 22:16
| KumanovoNews
Полицијата привела 69-годишен жител на кумановско село, затоа што го нападнал соседот со нож.

„Вчера во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Д.(69) од село Клечовце, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека претходно во село Клечовце со остар предмет го нападнал Д.Ј.(33) од истото село и му нанел убодна рана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.