×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЗНАМ ја претстави програмата „Проглас за достоинствена Македонија“

    19.04.2024 09:28 | KumanovoNews

    На митинг во Куманово, кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски и носителите на листа од изборните единици ја презентираа програмата „Проглас за достоинствена Македонија“.

    ЗНАМ ја претстави програмата „Проглас за достоинствена Македонија“

    Од партијата најавија дека ќе се борат против корупцијата во државата и ќе се зaфат со сериозни реформи во судството.

    „ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија, но притоа не ветинг, темелно ќе се отвара секој предмет, ќе се цени и ќе се пресудува од страна на искусни, вредни и умни луѓе кој тоа се огрешил од законот и кој застанал на страна на политиката, а не на граѓанинот“, кажа Димитриевски.

    Тој ги критикуваше политичките опоненти, ДУИ за која рече дека повеќе од две децении само ветувала, никогаш не изградила ниту фабрики, ниту метар од коридорот 8, и „околу прст ги врти, и левите и десните“.

    „На овие избори катастрофално ќе изгуби раководството на СДСМ, а притоа ВМРО нема да добие, ќе добие ЗНАМ. Исто како на локалните и ќе го повториме сите заедно“, рече Димитриевски.

    На митингот беа презентирани дел од проектите, од економија, екологија, земјоделстово, образование, проекти за млади, повисоки плати, подобар стандард, квалитетно здравство. Тие и порачаа дека ова се избори кои одлучуваат за иднината на Македонија, за достоинствена, чесна и прогресивна Македонија и посочија дека доаѓа нова енергија и нови луѓе во политиката кои нудат чесна и посветена работа.