Запалил сметка за МРТВ и нападнал службеничка на УЈП Кумановец запалил опомена за неплатена сметка за радиодифузна такса и ја нападнал даночната службеничка што му ја доставила.
„Српски вез„ ново културно-уметничко друштво во Куманово „Српски вез„ е новото културно-уметничко друштво во градот што го формираше Српската заедница во Куманово.
Отворени “Денови на мед 2013 Куманово“ На Градскиот плоштад денеска е отворена манифестацијата “Денови на мед 2013 Куманово“ на која мед и пчелни производи изложија десетина пчелари од кумановско и еден од беровско.
Планинарите на обука за водичи Двајца членови од Здружението на спортско планинарски клуб “Козјак“ во наредните три дена ќе учествуваат на обука за планинарски водичи во Скопје.
Почнува дератизација на Градскиот кеј Од денеска па во наредните неколку дена ќе се врши ќе врши дератизација на глувци на Градски кеј.
Авто школите работат по нов правилник Кон крајот на јуни годинава е донесен нов правилник за работа на авто школите.
Празен киоск со години стои спроти Гимназијата Граѓаните кои живеат во близина на Гимназија “Гоце Делчев“ се жалат дека празен киоск со години стои на тротоар спроти училиштето и смета во движењето.
Фатен арачиновец соучесник во убиството пред Брза помош С.А.(24) од Арачиново, кој учествувал во убиството на Ендрип Љатифи(31) од селото Опае, вчера е уапсен.
На Куманово му треба паркинг за автобуси Превозниците на градскиот и меѓуградскиот автобуски превоз во градот бараат од СВР Куманово и локалната самоуправа да обезбеди паркинг простор за автобуси во градот.
Девета седница на Советот Советниците утре ќе одржат редовна седница. На дневен ред се главно извештаи за финасиското работење на јавните претпријатија и извештаите за работа на основните и средни училишта.
Изложба на Симона Јакимовска во Кратово Во Музеј на град Кратово утре во 12.30 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи и графики “Бесконечност“ на Симона Јакимовска.
Над 150 кумановци ќе заминат на аџилак Деновиве околу 150 кумановци ќе заминат на аџилак во Мека во Саудиска Арабија.
Семинар за занаетчии во Бугарија Од 15 до 18 октомври во Хисар, Бугарија ќе се оддржи семинар за млади претприемачи од областа на занаетчиството.
Градоначалникот се сретна со новиот кумановски владика Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, денеска во седиштето на новата Кумановско-осоговска епархија, во неговата резиденција сместена во дворот на црквата “Свети Никола“, го посети новиот митрополит Јосиф Лешочки.