Лицата со попреченост од Крива Паланка се уште недоволно вклучени во заедницата (видео) Лицата со попреченост во општина Крива Паланка се уште немаат доволно услови за остварување на своите граѓански и политички права, ниту имаат доволно можности активно да учествуваат во јавниот и политичкиот живот во локалната заедница.
Див паркинг зад Центарот за култура Просторот кој се наоѓа зад Центарот за култура секојдневно се користи како паркиралиште на десетина возила, кои сопствениците ги оставаат тука за да избегнат да платат паркинг место во гаражата која е покрај него.
Жена настрада во пожар во Матејче Повозрасна жена од липковското село Матејче починала откако настанал пожар во собата во која престојувала.
Седница на Совет - на дневен ред 21 точка Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, на која ќе биде разгледана 21 точка. На дневен ред се главно извештаи за работа на јавните претпријатија, програми за работа, урбанистички прашања.
Се уште не се расчистени насобраните гранки под мостот на Кумановка во Проевце Повеќе од три недели стојат паднати дрвја, гранки и другиот смет во речното корито под мостот на реката Кумановка во селото Проевце, а надлежните од општина Куманово се уште не се организирале да ги расчистат.
Учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ донираа 280 новогодишни пакетчиња Во пресрет на празниците учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово, донираа 280 новогодишни пакетчиња. Во соработка со хуманитарната организација „Ајде да шириме љубов“ тие ќе бидат поделени за децата од социјално ранливи семејства во општината.
Изложбата „Улица“ на Младен Трендевски-Трендо во Центарот за култура во Куманово Во фоајето на Центарот за култура во Куманово утре /четврток/ со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба „Улица“ на уметникот Младен Трендевски- Трендо.
Затворот во К’шање доби детско катче и пекарска фурна преку проект на ЕУ (видео) Во Казнено поправната установа „Куманово“, затворот К’шање, денеска беа промовирани детско катче, наменето за децата на осудениците и пекарската фурна за потребите на кујната во установата.
Повреден пешак на мостот на Пчиња во село Војник Едно лице се здобило со повреди откако во него удрило комби додека се движел по мостот на реката „Пчиња“ во атарот на селото Војник, општина Старо Нагоричане.
Младински културен центар ќе се отвори во просториите на поранешно „Интермецо“ Дел од просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во кои порано работеше кафулето „Интермецо“, во иднина ќе се користат за потребите на Младинскиот културен центар. Со центарот ќе раководи невладината организација Центар за интеркултурен дијалог - ЦИД. Просторот е со површина од 150 квадрати, а на бесплатно користење од 10 години им го отстапи Владата.
На Табановце откриени девизи скриени под акумулатор на возила Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд заплениле девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата, соопштија денеска од Царинската управа.
Предновогодишен концерт на хорот на Националната опера и балет во Куманово Во малата сала на Центарот за култура во Куманово, вечерва /вторник/ во 19 часот предновогодишен концерт ќе оддржат солисти од хорот на Националната опера и балет од Скопје.
Пругата Куманово-Бељаковце ќе биде завршена до октомври наредната година, најави Бочварски Првата фаза од изградбата на железничката пруга од Куманово до Бељаковце, со должина од 31 километар ќе биде завршена до октомври 2024 година. Инвестиција од 40 милиони евра, а прогресот на изградбата е според динамчкиот план, кажа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при вчерашната посета на Куманово.
Отвoрање на нов премиум Елида маркет во Куманово Во Куманово од утре (среда) ќе започне со работа новиот продажен објект на ланецот Елида маркети во Куманово.
Новогодишни пакетчиња и подароци за дечињата од социјално ранливи семејства, подели здружението „Ајде да шириме љубов“ Невладината организација „Ајде да шириме љубов“ традиционално организира акција за доделување на пакетчиња и друга помош на децата од социјално ранливи семејства. Дедо Мраз веќе подели 116 подароци на децата од Габреш, Доброшане и во семејства во Куманово.
Деведесет домаќинства во Куманово ќе добијат по 25.000 денари субвенции за приклучок на гас Објавен е списокот на граѓани на кои им е одобрено субвенционирањето на дел од трошоците за приклучување на гасоводната мрежа во Куманово, кои ги одобри Министерството за економија. На јавниот повик се пријавиле 90 домаќинства од Куманово и на сите им се одобрени по 25.000 денари.