Пропаѓаат носии стари над 100 години Златко Давитковски (66) од кумановското село Режановце, со сопствени пари гради етнолошки музеј во дворот на црквата „Св.Јован Опсечен„, откако државата не најде интерес да инвестира во заштитата на културното наследство.
Расчистен тротоарот околу Зелениот пазар Инспекциските служби вчера го расчистија просторот околу Зелениот пазар што беше узурпиран од нелегалните продавачи. Тезгите и камионите се отстранети од тротоатот, и веќе го нема ни сообраќајниот хаос.
Во Кумановско и липковско масовно се краде струја Во Кумановско–Липковскиот регион, ЕВН Македонија и МВР откриле 500 броила од кои се краде струја. Акцијата се спроведувала во последните три месеци, а ги опфатилa корисниците од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Македонија на 69-то место по корупција Македонија е рангирана на 69- то место според индексот на перцепција на корупцијата, според последниот извештај на Транспаренси интернешенл за 2011 година.
Уапсени инкасанти на Романовце Осум лица од Куманово, вработени на наплатната рампа Романовце, утрово биле спроведени во кумановската полиција во акција на Министерството за внатрешни работи.
Нови случаи на ХИВ и СИДА во Куманово Два нови случаи на ХИВ и СИДА се регистрирани годинава во Центарот за јавно здравје Куманово. Двајцата заболени се мажи.
Отворена народна кујна во Старо Нагоричaне Во селото Драгоманце, денеска беше отворена народна кујна. Бесплатни оброци ќе добиваат 30 корисника на социјална помош, семејства со повеќе деца и стари и болни лица кои живејат сами.
На полицаец му удрил бокс во лице Л.В. (44) од село Пчиња, удрил полицаец по лицето, а предходно лажно пријавил кражба на нафта. Инцидентот се случил минатат недела, откако Л.В. ја известил полицијата дека забележал како непознати лица истовараат украдена нафта во селото Пчиња.
Дебата за спречување на семејно насилство Жeнски Центар „Жена на 21 век„ Куманово, утре организира јавна дебата како дел од националната кампања за одбележување на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените во рамки на програмата „Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“ на Министерството за труд и социјална политика и Обединетите нации ( UNFPA, UNDP, UN Women, WHO & UNICEF).
Куманово лидер во развојни проекти Проектите на Општината Куманово, Затворен олимписки базен и Горилница на цврст смет, кои беа презентирани на саемот на локалните заедници „Зелс Експо 2011„ во Скопје, наидоа на одлична критика кај стручната јавност.
Спречен шверц на текстил На патниот правец Крива Паланка-Куманово во населбата Карпош, мобилните царински тимови се обиделе да запрат голф со македонски регистарски ознаки, но возачот не застанал на светлосната и звучна сигнализација.
Куманово ќе се претстави на „ЗЕЛС ЕКСПО 2011„ Денеска во Скопје ќе се отвори саемот на Единиците на заедницата на локалните самоуправи - „ЗЕЛС ЕКСПО 2011“.
Кривична за пиромани на викендичка Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.К. (25), У.З. (19), Ф.А. (28) и И.Р. (28), сите од Куманово, затоа што запалиле викендичка во селото Биљановце.
Општинатa си го бара Домот на пионерите Општината Куманово бара да и се врати зградата на поранешниот Дом на пионерите во Куманово, кој повеќе од 20 години пропаѓа поради нерешена сопственост.
Се пошумува Живкова карпа Ученици,полицајци, војници, советници, пратеници, министри и граѓани, денеска садеа дрвца во м.в. Живкова Карпа на потегот од воените магацини до населбата Пуковско.
Идризово нема комбиња за обвинетите Речиси цела година нема транспорт на обвинетите од затворот Идризово во основните судови во државата, поради тоа што немало доволно возила.