Во прекин сообраќајот за камиони кон Деве Баир Од 16:30 часот, патниот правец Крива Паланка – граничен премин „Деве Баир“ е затворен за тешки товарни возила, според известувањето на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Најновото творештво на Дејвид Стоилковски обоено во црно-бели нијанси (видео) Во Уметничката галерија во Куманово, синоќа беше отворена втората самостојна изложба на академскиот сликар Дејвид Стоилковки.
Носел пиштол и агресивно се однесувал кон вработените во Брза помош Кумановската полиција ноќеска интервенирала, за да спречи насилник кој се однесувал агресивно кон вработените во Брза помош Куманово.
Бесплатни испитувања за генетски нарушувања на плодот на бремените жени отсега и во Кумановската болница Во Општа болница Куманово од неодамна се вршат лабораториски тестирања со методот "Бенетеч пра-софтвер" за пренатален скрининг, испитување кое овозможува да се следи состојба на плодот во првиот и вториот триместар од бременоста. Тие се бесплатни за пациентките со упат од лекар специјалист гинеколог- акушер.
Се искористуваат само до 45 % од предвидените средства за субвенции што ги обезбедува Општина Куманово На годишно ниво се искористуваат само 40 до 45 проценти од предвидените средства за субвенции што ги обезбедува Општина Куманово. Интерес има, но сите баратели не ги исполнуваат условите, а потребна е и поголема кампања за информирање на граѓаните.
Повреден градежен работник при изградба на патот Ранковце - Крива Паланка Во Полициската станица во Крива Паланка вчера околу пладне било пријавено дека во Итна медицинска помош Крива Паланка со повреди бил донесен Т.С.(63) од Крива Паланка.
Струјата нема да поскапи од 1 јануари, рече Бектеши Министерот за економија Крешник Бектеши тврди дека од 1 јануари цената на струјата нема да поскапи. Бектеши вели дека нема да плаќаат граѓаните повисоки сметки, бидејќи според Законот на енергетика, Регулаторната комисија за енергетика има обврска да направи надзор и да утврди дали пресметките од универзалниот снабдувач се направени како што треба.
Самостојна изложба на Дејвид Стоилковски во Уметничката галерија во Куманово Во Уметничката галерија во Куманово утре /петок/ со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Црно-бело, бело-црно“ на сликарот и дипломиран графичар Дејвид Стоилковски од Куманово.
СДСМ организира трибина „Не чекај, превенирај“ во Центарот за култура во Куманово Трибина под наслов „Не чекај, превенирај“, посветена на здравјето на мажите и жените, ќе се одржи утре/ петок/ со почеток во 18.30 часот во Центарот за култура во Куманово.
Општина Куманово поднесе кривична пријава против непознати лица за узурпација на земјиште и бесправна градба во Сопот Општина Куманово поднесе кривична пријава против организирана група НН лица поради основано сомневање за сторено кривично дело узурпација на недвижности од член 225 став 2 од КЗ и кривично дело бесправно градење 244-а став 1 од КЗ.
Изгоре напуштена куќа на „Моша Пијаде“ (видео) Во голем пожар попладнево изгоре напуштена куќа на ул. "Моша Пијаде" во центарот на Куманово.
Снегот од градските улици ќе го чисти „Чистота“, од населбите и селата „КООП Инженеринг“ (видео) Оваа зима снегот на улиците во централното градско подрачје ќе го чисти ЈП „Чистота и зеленило“, а во населбите и селата приватната компанија „КООП Инженеринг“ од Куманово.
Кумановски пожарникари помагаат во гаснење на пожарот во Тетово (видео) Екипа на Територијалната противпожарната единица Куманово (ТППЕК) се вклучи во гаснењето на големиот пожар во Фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во тетовското село Фалиуше.
Започна со работа реновираниот Детски вакцинален пункт во „Уред“ (видео) Детскиот вакцинален пункт на Здравствениот дом во Куманово, кој се наоѓа во т.н. „Уред“ од вчера започна со работа, откако беше реконструиран. Првите пациенти, беа најмалите кои родителите ги донесоа на редовна вакцинација.
76-годишниот маж кој беше пронајден мртов во својот дом е убиен, покажа обдукцијата Обдукцијата на телото на М.Д. од Крива Паланка покажала дека тој починал од насилна смрт.
Проевце ќе биде приоритет за следната година, ќе се реализираат проекти за развој на туризмот, најави Димитриевски Кумановската населба Проевце ќе биде една од приоритетите на локалната самоуправа за изградба на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на граѓаните.