Започна со работа реновираниот Детски вакцинален пункт во „Уред“ (видео) Детскиот вакцинален пункт на Здравствениот дом во Куманово, кој се наоѓа во т.н. „Уред“ од вчера започна со работа, откако беше реконструиран. Првите пациенти, беа најмалите кои родителите ги донесоа на редовна вакцинација.
76-годишниот маж кој беше пронајден мртов во својот дом е убиен, покажа обдукцијата Обдукцијата на телото на М.Д. од Крива Паланка покажала дека тој починал од насилна смрт.
Проевце ќе биде приоритет за следната година, ќе се реализираат проекти за развој на туризмот, најави Димитриевски Кумановската населба Проевце ќе биде една од приоритетите на локалната самоуправа за изградба на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на граѓаните.
Изложба “Спокој “ на Александар Стефановски Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 19 часот ќе започне музичко-театарскиот перформанс, а во 20,30 часот ќе биде отворена изложба на слики на ликовниот уметник Александар Стефановски.
Жителите на „Зелен рид“ цела ноќ без струја, дефектот пријавен дури утринава Дефект на електричната мрежа ги остави 8 часа без струја жителите на населбата „Зелен рид“ во Куманово.
Вендинг машини во маркетите на „Елида“ - Реупотреби, рециклирај, редуцирај, кампања за почисто Куманово „Елида“ е една од првите кумановски комании која што на две локации во градот го воведе светскиот тренд во селектирањето – повратни вендинг машини за собирање пластични шишиња и лименки.
Се отстранува склонопадното дрво на „Октомвриска“ (видео) Екипа на ЈП „Чистота и зеленило“ утринава започна со отстранување на сувото дрво на „Октомвриска револуција“ во Куманово, за кое граѓаните пријавија дека има опасност да падне.
Поевтинува само дизелот, бензините со иста цена Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, цената на бензинот не се менува.
Субвенциите за затворениот базен ги користат само учениците пливачи, нема обука за непливачите Субвенциите за користење на затворениот базен во Куманово од страна на основните и средни училишта се користат само за рекреација на пливачи, но не и за учениците непливачи.
Градечки Чуки – нова туристичка атракција за развој на туризмот во Крива Паланка (видео) Изобилството на природни и културни вредности на локалитетот Градечки Чуки во кривопаланечко е потенцијал кој нуди можности за развој на туризмот и привлекување на посетители кои ги следат новите туристички трендови засновани на доживувањето, номадскиот туризам , искуството и дигиталните алатки.
Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд Основниот суд во Куманово минатата недела донесе првостепена пресуда за мобинг против раководител на јавна установа во Куманово.
Воз удрил во комбе на железничкиот премин во Лопате, двајца повредени Две лица се повредени утринава откако во нивното комбе удрил воз кој сообраќал на релацијата Скопје - Табановце на железничкиот премин во кумановското село Лопате.
Во Куманово наврна 14 литри дожд, минималната температура 3 степени Целзиусови Во изминатото деноноќие во Кумано наврнале 14 литри дожд на м/2, а минималната температура во текот на ноќта била 3 степени.
Над 40 жртви на семејно насилство побаралe помош во советувалиште во Куманово Над 40 жртви на семејно и родово базирано насилство побарале помош и поминале низ процесот во Советовалиштето за жртви на семејно насилство, кое го води Хуманитарното здружение Мајка во Куманово. Тим од социјален работник, психолог/психотерапевт, правник и кариерен соработник, секојдневно на жртвите има ја даваат неопходната помош за справување со последиците од насилството.
Незадоволната странка има право на жалба, велат од Кумановскиот суд по пресудата за клевета на пратеникот Петрушевски Против првостепената одлука на судот, незадоволната странка има право на жалба, која ќе биде предмет на оценка од повисоките судови, велат од Основниот суд Куманово, по јавните преписки и обвинувања на пратениците Бране Петрушевски и Мартин Костовски, по пресудата за клевета.
Уште една измама со огревно дрво Во Кумановската полиција, вчера 66- годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13.000 денари.