ВМРО-ДПМНЕ отвори изборен штаб на Плоштадот Дека партиите не губат време во подготовките за престојните парламентарни избори закажани на 5 јуни, покажува и новоотворениот штаб на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Принцези и каубојци низ куманoвските улици Бетмени, каубојци, принцези, мускетари - се само дел од маските кои денеска можеа да се видат на Градскиот плоштад.
Канализациона мрежа на „Пчински пат„ Градежната оператива на ЈП ,,Водовод‘‘ веќе втор ден го изведува проектот за изградба на канализациона мрежа на ,,Пчињски пат‘‘ на потегот од излезот на градот до месноста ,,Менкова колиба‘‘ во должина од 830 метри што ќе опслужува околу 150 корисници.
Во Старо Нагоричане се пошуми Илијин Рид Градоначалникот, општинската администрација и вработените во јавните претпријатија и установи денеска садеа дрвца во местото викано Илијин Рид - општина Старо Нагоричане.
Општинарите садеа дрвца на Кејот Градоначалникот, општинската администрација и вработените во јавните претпријатија и установи денеска садеа дрвца на Градскиот кеј и Плоштадот.
Се пошуми „Гладно поле„ Во акцијата "Ден на дрвото-пролет 2011 " Куманово, Липково и Старо Нагорчане се засадени 120.000 садници на површина од 35 хектари.
Нов пица-ресторан во градот Пица-ресторанот Помодоро, која се наоѓа на булеварот „Октомвриска Револиција„, во прекрасен амбиент нуди оригинални италијански специјалитети.
ВМРО се сомнева како Дамјановски ќе ги троши парите од Владата Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Петар Поп Арсов и Влатко Ѓорчев, синоќа прашаа како градоначалникот и локалната адмистрација ќе ги потрошат парите за развој на локалната водоводна и канализациона инфраструктура што неодамна ги добија од Владата.
Бадентер не е пречка за споменикот на бранителите Кумановските бранители наскоро ќе добијат согласност за изградба на споменик за нивите загинати соборци во кофликтот 2001 година.
Се асфалтира улица во Черкези Улицата е во должина од 1600 метри и ќе се гради во две етапи, затоа што има два крака. Едниот е од училиштето до центарот на селото, а втората кон стариот пат за Скопје.
Утре повторно ќе се пошумува Под мотото „Ајде на садење, батали политика бар денес“, утре ќе биде одржана седмата акција „Ден на дрвото - пролет 2011“ во која ќе бидат засадени над три милиони дрвца.
ЛДП: „Кумановци нека не гласаат ниту за змијата, ниту за магарето„ Со оваа порака членот на најтесното партиско раководство на Либералдемократската партија Ивица Боцевски ја отвори вчерашната промотивна трибина на изборната програма во Куманово.
Шегобијна разгледница По повод 1-Април Денот на шегата утре во 19.00 часот, Центарот за култура Трајко Прокопиев и здружението на пензионери организира Шегобијна разгледница.
Кај Младо Нагоричане загина момче во БМВ Предраг Гелевски (20) од Куманово загина, а Даниел Т.(25) и Роби М.(28) се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи претпладнето на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка во близина на селото Младо Нагоричане.
Кумановец доби 5 години затвор за малолетничка проституција Дејан Ѓорѓевиќ од Куманово е осуден на 5 години затвор во Основниот суд во Штип кривично дело полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години.
Општината ќе се развива преку обврзници Секретарот на Општината Оливер Спасовски се врати од еднонеделен престој од Хрватска, каде заедно со претставници од уште пет општини од Македонија присуствуваше на обука за издавање на општински обврзници.