Планинари ќе се искачуваат на Љуботен
23.01.2013 15:08
| KumanovoNews
Планирани од Куманово, Тетово и Јагодина викендов ќе се искачуваат на врвот Љуботен.

Деновиве почнавме со редовни состаноци и програма за работа оваа 2013 година. Прва акција, прво зимско искачување ќе ни биде на Љуботен заедно со планинари од збратимениот клуб Рунолист од Јагодина и Љуботен од Тетово. Од Куманово ќе заминат десет планинари и ќе бидат сместени во планинарски дом - вели Мартин Величковски, секретар на Спортско - рекреативниот клуб “Козјак“.
Следни активности се посета на новите планинарски домови низ Македонија како што е Југ Валандово.