Мени

Млади кумановки нападнале и ограбиле сограѓанин на Градскиот плоштад

13.11.2026 15:58 | KumanovoNews

Две кумановки, од кои едната малолетна, нападнале и ограбиле сограѓанин во центарот на Куманово.

Млади кумановки нападнале и ограбиле сограѓанин на Градскиот плоштад

Нападот се случил вчера околу 19 часот на Градскиот плоштад, а девојките биле приведени четири часа подоцна.

„Полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода Р.А. (19) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19 часот на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово, заедно со 14-годишна малолетничка, со употреба на сила му одзеле пари на М.Ц. (46) од Куманово, при што му нанеле телесна повреда. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.