Мени

Кумановските акцијаши ќе го чистат просторот околу Градскиот парк, ги повикуваат граѓаните да се приклучат

13.11.2026 13:29 | KumanovoNews

Кумановските акцијаши утре организираат еколошка акција на потегот околу улиците „Братство и единство“ и „Тодор Велков“, која ќе го опфати и Градскиот парк.

 

Кумановските акцијаши ќе го чистат просторот околу Градскиот парк, ги повикуваат граѓаните да се приклучат

„Почитувани сограѓани, здруженија и млади, ве повикуваме масовно да ни се придружите на големата еколошка акција за почисто и поздраво Куманово. Акцијата ќе се одржи утре (сабота), со почеток во 8:30 часот. Собирно место е Автобуската станица“, се вели во повикот.

Во акцијата, покрај кумановските, ќе учествуваат и акцијаши од Велес и Битола.