До 15 Февруари пријавување на приходите за 2010 Сите правни лица, трговци поединци, занаетчии, лица кои вршат слободни занимања и др. кои во текот на 2010 година извршиле исплата на приходи на физички лица.
Утре започнува Пивтијада Здруженито на граѓани „Карпино„, и оваа година ќе ја организира традиционалната манифестација „Пивтијада„ во повод големиот христијански парзник „Водици„.
Фатен убиецот на сопственикот на менувачницата Рамиз З.(22) од Куманово е приведен во кумановската полиција, под сомнение дека вчера го убил Бранко Петрушевски (62) и ја ограби менувачницата „Дај-Дам„ во центарот на Куманово.
Убиецот однел 2,3 милиони денари Бранко Петрушевски (62) од Куманово е застрелан со три куршуми во грбот додека сакал да ги внесе парите за дневниот пазар од колата во неговата менувачница „Дај-Дам„. Маскираниот разбојник од убиенот ја одзел чантата со повеќе од 2,3 милиони денари и побегнал.
ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот да изгради паркинзи, па тогаш да пушти пајак ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот и ЈП „Чистота и зеленило„ да го пролонгираат воведувањето на пајак службата, се додека не се обезбедат доволни паркинг места за автомобилите во градот.
Раселените пијат вода од фонтаната пред „Кристал„ „Цели два месеца сме без вода за пиење, а новогодишните и божиќните празници ги поминавме главно без електрична енергија‘‘ - му се пожалија на репортерот на Куманово њуз десеттемина раселени лица од Матејче колку што сеуште живеат во хотелот „Кристал„.
Кравите од Пелинце заглавија во Кленике Повеќе од еден месец поради бирократски лавиринти во судските и ветеринарни служби во Врање и Бујановац, кравите не се враќаат на сопственикот.
Одбележана битката на Пелинце Битката на Пелинце се случила на 13 јануари 1944 година на влезот во селото, кога се судриле батаљонот Никола Јорданов Орце, предводен од командантот Христијан Тодоровски-Карпош и бугарскиот полициски окупатор.
Едукација за електронски даноци Денеска во Куманово се одржа едукација за даночните обврзници, правните и физички лица за електронско пријавување на даноците.
Статер банка стана дел од ЦКБ групацијата Корисниците на услугите на Банката треба да си ги променат броевите на тарнсакциските картички, бидејќи Статер банка АД - Куманово од 1 јануари 2011 година се присоедини кон Централната кооперативна банка АД Скопје.
Ромите се подготвуваат за Василица Ансамблот за народни ромски игри и песни „Рушит Шакир„ во сабота организира свеченост по повод ромскиот празник Василица. По тој повод во ресторанот Југославија ќе се одржи Ромски бал.
Пијан кумановец со шише по глава удрил паланчaнец С.Л. (26) од Куманово, заработи кривична пријава за сторено кривично дело „тешка телесна повреда„.
Градоначалниците пред апанажа На градоначалниците по завршувањето на нивниот мандат да им биде исплаќана плата од општинската каса во форма на апанажа, побарала од Владата Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).
По што ќе остане запаметена 2010 година Кој позитивен и негативен настан ја одбележа минатата 2010 година? Ова прашање го поставивме на повеќе јавни личности и политичари во градот. Ги пренесуваме одговорите на оние што го удостојиа Kumanovonews да ги споделат нивните впечатоци од мината година, со нас и нашите читатели.
Ноќните дежурства ќе се решаваат ургентно Граѓаните на Куманово во ноќните часови, видендите и празниците ќе продолжат да се лекуваат во Ургентниот центар се додека не се најде конечно решение на проблемот со дежурствата во примарната здравствена заштита.
АМСМ: Блокади и магла на патиштата Авто –мото сојузoт на Македонија ги известува граѓаните дека дел од патиштата се со намалена видливост поради магла.