Од сабота повторно шопинг во Солун
10.01.2013 14:29
| KumanovoNews
Од сабота туристичката агенција “Јоцо Турс“ продолжува да организира шопинг патувања во Солун, откако беше направена пауза поради штрајковите во Грција.
Сега по Нова година ќе има попусти и последна недела во месецот во Солун секогаш има намалување на цените. Се знае дека жените се по шопингот, најчесто до Солун патуваат жени. Турите во просек имаат по 20 патници, а некогаш и повеќе. Најголем инетрес за посета на Солун има за празници. Секоја сабота од Куманово се тргнува во 4.30 часот наутро, а за назад се тргнува во 17 часот - велат од “Јоцо Турс“.
Оваа туристичка агенција тури за шопинг во Солун организира веќе три години. Од таму велат дека кумановки уживаат во шопингот и често го посетуваат јужниот сосед.

