Како да (не) поскапи водата ? Проекциите во работење на јавното претпријатие „Водовод „ во идната, 2011 година повторно предизвика бурна расправа на седницата на Советот на општината Куманово.
Убиствата ги извршило момче на девојката Двојното убиство во населбата Ајдучка Чешма го извршило момче на Даниела Лазаревска.
Двојно убиство во Ајдучка чешма Во населбата Ајдучка чешма попладнето се случилo двојно убиство во кое настрадале мајка и ќерка.
Парична помош за семејствата од поплавените села Двесет и едно семејство од селата Бељаковце, Довезенце. Јачинце, Клечовце и Шупли камен чии земјоделски имоти и куќи беа поплавени од Крива река и Живуша на почетокот на овој месец ќе добијат еднократна парична помош од буџетот на Општината Куманово.
Дедо Mраз пристигна во кумановските градинки Во чест на Дедо Mраз, а пред своите родители, најмладите преку песнички и игра покажаа што научиле во текот на годината што изминува.
Македонски крави заскитале во Србија Необичниот инцидент се случил на 9 овој месец, додека добитокот се напасувал во граничниот појас и навлегол во туѓа територија.
„Кокино„ и „Свети Ѓорѓи„, атракции за балканските туристи Ова беше договорено на потпишување на Протоколот за соработка помеѓу градоначалникот на Општината Старо Нагоричане и претставникот на Асоцијацијата на туристички агенции на Србија.
Спречил полицаец да исконтролира возило Куманововската полиција поднесе кривична пријава против Н.М. (35) од село Долно Коњаре-Куманово, за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење на работи на безбедноста„.
Министерот Јанакиевски во Куманово Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во Куманово ќе ја објаснува постапката за легализација на дивоизградените објекти.
ВАШИ ПИСМА: ....абе не се бламирајте народ да не ви се смее, ако си протестирате тој си е демократско право ама не лупајте глупости дека сте независни кт сас едн клик на facebook пишуе кој на што е члан.
Триесет и осма седница на Советот На дневен ред ќе се најдат единаесет точки, меѓу кои неколку извештаи за работата на јавните претпријатија, а најзначајна ќе биде донесување на буџетот за 2011 година.
Дамјановски: Млади вмровчиња сејат магла Градоначалникот Зоран Дамјановски ги отфрли обвинувањата на групата мали луѓе кои денеска тврдеа дека неможат да се вработата во локалната администрација затоа што не се членови на СДСМ.
Дедо Мраз меѓу децата со посебни потреби Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски им приреди едночасовна новогодишна средба на лицата со посебни потреби во ресторанот на Меморијалниот спортско-рекреативен центар на АСНОМ во Пелинце.
Обвинувања кон градоначалникот за партиски вработувања Триесетина млади луѓе денеска протестираа пред зградата на Општината Куманово незадоволни што неможат да се вработат во општинската администрација.
„Солени„ елки На централниот плоштад пред некој ден пристигнаа новогодишните елки од расадникот на ЈП „Чистота и зеленило„ како знак дека полека но сигурно наближува најдолгата и највесела ноќ во годината.
Не е познато кој ја оставил повредената жена Кумановската полиција сеуште нема информации кој ја удрил со автомобил Надица.К (39) на улицата ЈНА во близина на некогашната фабрика ЧИК и побегнал.