Утре свечено отварање на лизгалиштето
12.12.2012 14:20
| KumanovoNews
Лизгалиштето на Градскиот кеј ќе биде пуштено во употреба утре во 17 часот. Почетокот на работата се пролонгираше поради високи температури кои беа неповолни за мразот.
- Лизгалиштето е монтирано пред една седмица, но не го пуштивме досега поради топло време. Викендов падна снег, па ќе почнеме да правиме мраз и граѓаните ќе можат да дојдат на лизгалиште. Лани лизгалиштето имаше површина од 480 метри квадратни, а сега е со 600 квадрати површина. Цената ќе биде пониска а ќе делиме и чај за сите посетители млади и повозрасни - вели Игор Арсовски, супервизор во ТЕАМ ПЛУС.
Тој објаснува дека лизгалиштето ќе функционира до месец март се додека има ниски температури.

