Регионална конференција за развој на туризмот во Североисточниот регион На Конференцијата ќе бидат презентирани Стратешкиот и Акциониот план за развој на туризмот во СИПР 2011 – 2016 година, електронската база и повеќеслојните мапи на природните и културно-историските туристички ресурси на СИПР.
„Порака-наша“ го одбележа денот на хендикепирани Дневниот центар за лица со посебни потреби над 18 години „Порака-наша„ заедно со своите пријатели од Прилеп, денеска го прославија Светскиот ден на лицата со хендикеп.
Пет години децентрализација По пет години од почетокот на процесот на децентрализација во земјата се констатирани забележителни достигнувања, но локалните самоуправи бараат одвојување на поголеми финансиски средства за нив, зголемување на капацитетите на општинската администрација и целосна имплементација на Законот за употреба на јазиците.
„The Banкer“ ја прогласи Комерцијална за банка на годината Комерцијална банка прогласена за банка на годината за 2010 во Македонија од економскиот магазин „The Banкer“
Поп Арсов:ВМРО-ДПМНЕ не прави списоци за вработување Пратеникот Петар Поп Арсов ги отфрла обвинувањата дека раководството на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги правело списоците за партиските вработувања во Центарот за социјани работи во Куманово.
И министерот Бајрами ги брани партиските вработувања Поранешните вработени во Центарот за социјална работа во Куманово, кои останаа без работа поради партиски вработувања, денеска од министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами, побараа објаснување по кој критериум и по која политика тие по долгогодишна работа останаа на улица, а на нивно место се вработиле ќерки, сестри и роднини на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Се гради канализација во Багрем бања Жителите на улицата Ѓуро Пуцар Стари, наскоро ќе бидат приклучени на градската канализациона мрежа, откако ќе биде изграден цевковод на нивната улица.
Министер и амбасадор во посета на хендикепирани деца Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и амбасадорот на Словенија Алан Бергант,по повод Меѓународниот ден на лицата со пречки во развој,го посетија Советувалишниот центар за деца со посебни потреби, млади и родители, што се наоѓа во дворот на некогашниот работнички универзитет Професор Мијалковиќ.
Се реконстуира патот за село Пчиња Започна реконструкцијата на локалниот пат за селото Пчиња. Патот е во должина од 9,5 километри, од излезот на Куманово до влезот на селото, за што ќе се потрошат 36 милиони денари, сретства обезбедени од Светска банка, преку Фондот за изградба на локални и регионални патишта.
ВМРО-ДПМНЕ подари прехрамбени продукти за Порака-наша Советниците и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска однесоа помош во прехрамбени продукти и сретства за лична хигиена на штитениците од Дневниот центар Порака-наша.
Размислување на глас: Патриотски Патрдии Колку повеќе ги запознавам човековите глупости, толку посилно сакам да се дружам со животните...
Асфалтирана улицата Поток Серава Денеска беше пуштена во употреба улицата Поток Серава во должина од 1500 метри. За реконструкција на улицата и санација на фекалната канализација потрошени се 13 милиони денари, сретства од буџетот на Општината.
Наградени цртежите за борба против трговија со деца „Да ја спречиме трговијата со деца„, беше конкурсот што СВР Куманово и Мисијата на ОБСЕ го реализира во основните училиштата во општините во северо-источиот регион.
Финишираат подготовките за проектот мини-пречистителни станици Претставници од австриската фирма „Остап„, кои со „ЈП Водовод„ работат на проектот изградба на мини-пречистителни станици во селските средини, вчера дојдоа во Куманово за да видат како се одвиваат работите на терен.
Непотизам при вработувања во Центарот за социјални работи Пет вработени по договор на дело во Центарот за социјални работи во Куманово, обвинуваат дека се истерани од работа за да на нивно место се примат млади партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Општината работи транспарентно, но недоволно Во рамките на проектот Транспарентност на единиците на локалната самоупрва и нивна отчетност, денеска во Куманово се одржа обука за претставниците од локалната администрација од Северо-источниот регион.