Општината не ги кани пратениците на прослави ?
13.11.2012 15:00
| KumanovoNews
Пратениците не биле поканети на прославата што ја организираше локалната самоуправа, по повод Денот на ослободување на градот.
Пратеникот Иван Стоиљковиќ од Демиократската партија на Србите во Македонија, тврди дека во изминатите 5 години, општинските служби и градоначалникот ниту еднаш официјално не го поканиле да присуствува на прослави на празници и манифестации што ги организирале.
Како да дојдам на прослава кога не сум поканет. Незнам од кои причини не ме канат на општинските прослави, но тоа редовно се случуваше во предходниот, а еве сега и во новиот мандат- изјави Стоиљковиќ.
Пратеникот реагираше по информацијата дека на Свечената седница за Денот на градот не присуствуваа пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

