Отворена изложбата на Тошевски Синоќа пред кумановската публика беше отворена изложбата на слики на уметникот Трајко Тошевски од Куманово.
Куманово прв град со Геоиформатички центар Куманово ќе биде прв град во Македонија што ќе направи Геоинформациски центар за урбани апликации. Станува збор за единствен информациски систем во кој ќе се собираат сите податоци за недвижнините на подрачјето на Општината.
Коло на српските сестри одржа книжевна вечер Коло на српските сестри, по повод Видовден, синоќа во Центарот за култура организираше книжевна вечер. Пред голем број гости и пријатели на здружението, стихови посветени на Косовскиот бој, читаа Миланка Зафировска и Стојан Арсиќ.
Се чисти бањата Стрновец Општината Старо Нагоричане го започна санирањето на штетите по големите полави со цел во што е можен пократок рок да се пушти во употреба бањата Стрновец.
Мулти-култи за основците и средношколците во градот Шефот на мисијата на Уницеф Шелдон Јет и градоначалникот Зоран Дамјановски денеска го отворија младинкиот културен центар Мулти-култи ,наменет за реализирање на вон-наставни активности на средошколците и основците од различни етнички заедници во Куманово.
Семафорите пуштени-хаосот поголем Семафорите на крстосницата на улиците „11 Октомври„ ,„Доне Божинов „и „Гоце Делчев„ денеска беа пуштени во употреба. Но, наместо да создадат ред во сообраќајот, на крстосницата владееше вистински хаос.
Во „Житомел„ нов газда дели откази Седумдесетина работници од „Житомел„, ќе останат без работа, откако добиле нов газда. Дваесетината возачи, кои се први на списокот за истерување денеска излегоа на протест во кругот на фабриката.
Ѓурин: Куманово има морално право да се фали со меѓутничкиот соживот Амбасадорот на Република Србија во Македонија Томислав Ѓурин, ја поздрави одлуката на Советот на Општината Куманово,српскиот јазик да го воведе во официјална употреба.
Србите го одбележуваат Видовден Обединетата српска заедница Куманово, Колото на српските сестри, здружението "Свети Сава" и Здружението на Србите за единство годинава заеднички ја одбележуваат 621 годишнина од битката на Косово.По тој повод прославата на празникот Видовден ќе се реализира со повеќе активности од световен и духовен карактер.
Бранителите го бараат ветениот споменик Здружението на бранители од Куманово денеска на прес-конфернција ја прашаа локалната власт и градоначалникот кога ќе се изгради споменик на паднатите бранители од 2001 година.
ЛДП: Партиската дискриминација е најзастапена Анализите покажуваат дека во Македонија за жал најприсутна е дискриминацијата по партиска припадност, за разлика од западно-евроските држави каде таа воопшто не постои.
Дваесет и осма седница на Совет Советот на Општината Куманово утре ќе ја одржи двесет и осмата редовна седница. Советниците ќе расправаат по 17 точки на дневен ред, каде меѓу другото ќе се поднесат извештаи за финансиското работење на јавните претпријатија, а ќе се донесат и утврдат неколку Детални урбанистички планови.
Старо Нагоричане се претстави пред тур-операторите од Западна Србија Општината Старо Нагоричане, завчера ја посетија туристички работници од Западна Србија .
Со пластичен пиштол се обидел да ограби старица Метија Мемеди (74) од Куманово, претпладнево е претепана од непознато лице во нејзината куќа на улицата „Иво Лола Рибар„ во центарот на Куманово. Нападот се случил околу 9 часот, додека жената била сама во собата на приземјето на куќата, а нејзиниот сопруг работел на таванот.
Куманово лидер во меѓуетничкиoт соживот Признанието Носител на порака на мирот што Куманово како единствен град во државата го доби минатата година, беше повод денеска да се одржи трибина на тема „Куманово, пример за меѓуетнички соживот„.
Општината доби пресс центар Локалната самоуправа доби пресс центар. Официјалните обраќања на претставниците од локалната администрација одсега ќе се врши во одреден пресс простор што е сместен во приземјето на зградата.