Општината поставува кошеви на игралиштата
29.05.2012 14:33
| KumanovoNews
Општината постави по два нови кошеви на игралиштето на ОУ “Крсте Мисирков“ и на Сомен Костурницата.
Општината Куманово започна акција за поставување на кошеви на неколку игралишта. Да напоменам дека ќе се изврши реновирање на двете игралишта во населбата Гоце Делчев каде што ќе можат младите да спортуваат и понатаму. Реконструкцијата се состои во замена на мрежите на кошевите и поставување на огради на двете игралишта - рече Бисера Благојевиќ, портпарол на општина Куманово.
Таа додаде дека ако има интерес активностите ќе продолжат и на друга локација. Целта е да се поттикнат граѓаните да спортуваат.