Во Центарот за култура, утревечер во 20 часот започнува четиринаесетата меѓународна театарска манифестација Денови на комедија Куманово 2011. Во наредните две недели, кумановската публика ќе има можност да види девет тетарски претстави...
Агенцијата за остварување на правата на зедниците започна со кампања за попис на населението и домаќинствата 2011 година,„ Мојата зедница, Мојот дом - Македонија„.
Во организација на здружението "Пчела" од Куманово, на Градскиот плоштад денеска беше отворен дванаесетиот пчеларски саем.Годинава на саемот се претставени петнаесетине производители на мед, од Куманово и соседните градови.Саемот го отвори градоначалникот...
Директори, секретарки, раководители, новинари, актери, шалтерски службеници, политичари, професори и работници се наоѓаат на списокот попишувачи од јавната и државна администарција. Затоа посредете по дома и дотерајте се, не се знае која...
На Градскиот плоштад деновиве е поставен столб со безбедносни камери. На раскрсницата пред Тутунска банка, пет камери се свртени на сите страни, и ги покриваат двата плоштади.
Последниов месец повторно е зголемен бројот на граѓани што барале азил во западно-европските земји. Најголем број на азилантите биле од ромска националност.
Во посета на општина Старо Нагоричане беше амбасадорот на Република Србија Томислав Ѓурин, како и делегација од Смедерево на чело со градоначалник Предраг Умичевиќ.
На Градскиот плоштад во Куманово, веќе 20 дена стои шанк-приколка. Граѓаните не можат непречено да се движат по плочникот, а приколката смета и при одржување на хигиената.
Општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце и Липково, проблемот со цврстио отпад ќе го решаваат со палење. Во една од општините ќе се изгради специјален објект со печки за палење...
Општините Куманово и Старо Нагоричане ќе соработуваат во областа на зачувување на животната средина во рамките на проектот "Заедно градиме мулти-еко довреба".
Денеска беше предаден во употреба нов фитнес клуб во состав на економското училиште „Перо Наков„. Центарот зафаќа површина од 130 метри квадратни, а чини 3 милиони денари.
Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска на своето работно место пристигна пеш. Вклучувајќи се во одбележувањето на Светскиот ден без автомобили, тој наместо со службениот автомобил, од својата зграда на улицата „Октомвриска револуција„ до...
Од водостопанство Кумановско-липковско поле од синоќа го преполовилe дотурот на сурова вода до ЈП „Водовод“, поради што повисоките делови на Куманово денеска останаа без вода за пиење.