Мени

Вести

Сабота 9 јули 2011

12:25

Топол бран над Македонија

Топлотен бран со температури до 39 степени од денеска ќе ги зафати севреозападниот и југоисточниот регион на државата.

Петок 8 јули 2011

13:44

Дивите пазари ќе се чистат на сила?

Нелегалните препродавачи на зеленчук и овошје имаат рок до четврток сами да ги отстранат тезгите од узурпираниот простор во градот, или во спротивно со сила ќе бидат тргнати од полицијат и инспекцијата.

12:45

Намален интересот за барање азил

Над 400 кумановци се вратени од западно-европските држави каде заминале да бараат азил. Најбројни се Ромите, дури 80 проценти, 15 проценти се Албанци и 5 проценти Македонци. По градови најмногу азиланти имало...

Четврток 7 јули 2011

14:35

Во советничките клупи седнаа Стошевска и Томовиќ

На денешната седница на Советот се верификуваа мандатите на двајца нови советници - Наташа Стошевска од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, инаку правник во Центарот за социјални работи и Небојша Томовиќ од Демократската...

10:33

Изложба на уметничка фотографија

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ утре вечер ќе биде отворена Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Фокус 2011„.

Среда 6 јули 2011

12:13

Градските гробишта се шират и уредуваат

Општината Куманово купи 2 хектари земјиште за проширување на Градските гробишта. Новите парцели се наоѓаат од двете страни на патот зад црквата во селото Биљановце.

10:51

До кога улиците ќе бидат автопазар?

Почитувана полицијо! Многу си ревносна и исполнителна кога треба да изрекуваш казни за сообраќајни прекршоци што, во крајна линија е в ред. Но, ај те молам, сврти ги очите и кон сопствениците...

08:16

Кумановец произведува нафта од пластика

Лазар Таневски (57) од Куманово е првиот производител на нафта на Балканот од преработка на стара пластика. Овој сопственик на отпад, успејал во својот погон дневно да произведе над 300 литри нафта,...

Вторник 5 јули 2011

08:59

Отворена филмската ревија на француски филмови

Со прикажување на францускиот филм "Луѓе и богови" од режисерот Гзавие Бовоа синоќа започна манифестацијата "Кумановско културно лето 2011". Во Младинскиот културен центар "Козјак" на отварањето на филмска ревија на француски филмови...

Понеделник 4 јули 2011

12:27

Отворен ден на Мулти-култи

Центарот за меѓукултурен дијалог утре на Градскиот плоштад организира Отворен ден. Манифестацијата ќе трае од 18 до 20 часот, а во неа можат да се вклучат граѓаните.

08:04

Собирањето даноци најефикасно, урбанизмот најспор

Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово ја презентираше публикацијата "Транспарентни општини-задоволни граѓани"во која се објавени резултати од шест месечен мониторинг на работата локалните самоуправи.

Петок 1 јули 2011

14:39

Куманово има добар меѓународен кредитен рејтинг

Општината Куманово има добар меѓународен кредитен рејтинг, што значи дека добро го менаџира буџетот, нема долгови и има фискален капацитет. Истовремено тоа покажува дека општината може да се носи со странски задолжувања...

13:40

Отворена изложбата „Зебарњак„

Во хотелот Лав, синоќа беше отворена изложбата на слики од ликовната колонија „Зебарњак„. Дваесетина дела, главно масло на платно на уметници од Македонија и Србија беа претставени пред граѓаните.

08:31

Од 15 јули нема бесплатен паркинг

Од средината на овој месец ќе започне зонското паркирање во Куманово, и граѓаните ќе плаќаат за користење на паркинг простор во централното градско подрачје.

Четврток 30 јуни 2011

13:40

Нова цвеќарница во градот

ЈП „Чистота и Зеленило„ отвори цвеќарница на Градскиот плоштад. Над стотина видови на саксиско, режано и зимзелено цвеќе ќе можат граѓаните да најдат во современо опремениот простор.

Страница 1.344 од 1.423 · 22.757 вести