Мени

Превенција од насилство меѓу младите

Превенција од насилство меѓу младите

Што да преземат надлежните институции и невладини организации во градот за да помогнат во спречување на насилството меѓу младите беше темата на  синоќешната трибина што ја организираше Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.Пред присутните говореа претставнички од Собранието, Бирото за развој на образованието, СВР Куманово и невладиниот сектор кој работи на оваа проблематика.

Продолжува проектот за сопствен бизнис

Продолжува проектот за сопствен бизнис

Претприемачки Сервис за млади со поддршка на Општина Куманово и Gestalt Solutions,викендов продолжува  со обуката на тема „Започнување бизнис“ со цел да се промовира претприемничкиот дух и креирањето на нови бизниси помеѓу младите, со посебен акцент на жените во регионот. 

Да не се пали оган на отворено

Да не се пали оган на отворено

Граѓаните да не палат оган на отворено поради исклучително високите температури коишто се очекуваат во наредниве денови. Опасностите од избувнување пожари се големи, а тие може да се предизвикаат и од догорче на цигара, апелираат од дирекцијата за заштита и спасување во Куманово.

Згрижувачки семејства во пораст

Згрижувачки семејства во пораст

 Во Куманово се зголемува бројот на семејствата што сакаат во својот дом да прифатат и да згрижат малолетни или возрасни лица . Семејства што досега се пријавиле во Центарот за социјални работи во Куманово чекаат да бидат ангажирани по потреба, бидејќи во моментот нема незгрижени лица.

Екологистите го заборавија Денот на животната средина

Екологистите го заборавија Денот на животната средина

 По повод 5 јуни, Светскиот ден на животната средина во Општината нема организирана ниту една еколошка акција. Денот посветен на животната средина го заборавија сите кои се задолжени за нејзино зачувување: локалната власт, еколошките и невладини организации, училиштата, партиите, граѓаните...