Кумановчани под маски
Над 2000 маски продефилираа на Градкиот плоштад на седмиот по ред
маскенбал „Батко Ѓорѓија - 2010„. На маскенбалот учестваа дечиња од
градинките и ученици од основните и средни училишта, маскирани како вонземјани,
снегулки, кременковци, готвачи, балерини, војници, ветерки и други
најразлични маски се претставија пред неколку илјадната публика.