Хроничен недостиг на кадар во „Зафир Сајто“, МТСП не дава согласност за нови вработувања - видео интервју со директорот Дејан Стојановски Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово е меѓу најголемите во земјата. Во него се сместени повеќе од 150 лица, а уште дваесетина се на листа на чекање.
Уставниот суд поведе постапка за суспендираниот ДУП кај „Школска амбуланта“ Уставниот суд ќе ja оценува уставноста и законитоста на Одлуката за супензија на дел од Деталниот урбанистички план (ДУП) кај „Школска амбуланта“, која ја донесе Советот на Општина Куманово во јуни 2023 година.
Нов случај на голема кашлица, вкупно четири деца заразени во Куманово Центарот за јавно здравје Куманово регистрираше уште еден случај на голема кашлица во Куманово, по што бројот на заболени деца се искачи на четири.
Општина Куманово објави повик за субвенции за уредување на дворови на стамбени згради Општината ги повикува сите правни субјекти кои се заинтересирани да аплицираат за уредување на дворни површини и просторот кој се наоѓa околу станбените згради. Барањата ќе се примаат до исцрпување на средствата буџетот за таа намена, но не подоцна од 30.11.2024.
Компаниите наидуваат на административни бариери кои го развлекуваат процесот на инвестирање, кажа Петрова по посетата на кумановските фирми Дополнителната заменичка министерката за финансии Елена Петрова, денеска беше посета на неколку приватни компании во Куманово, со цел да се запознае со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат при нивната работа.
Младинскиот оркестар ги разнежни кумановци на празникот на виното и љубовта (видео) Младинскиот оркестар синоќа одржа концерт во Центарот за култура, по повод денот на виното и љубовта. На репертоарот беа популарни, добро познати мелодии од домашни, регионални и странски пејачи, во кои уживаше многубројната публика.
Изложба „Визуелни рефлексии“ на Лазе Трипков во Уметничката галерија во Куманово Во салонот на Уметничката галерија во Куманово утревечер, 16 фебруари во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Визуелни рефлексии“ на Лазе Трипков. Ова е седма самостојна изложба на плакати на Трипков, со избор на познати плакати кои ја покажуваат неговата умешност во современите дизајнерски практики.
Да се собира ѓубрето што го оставаат продавачите на пазарот во Долно Којнаре, бараат жителите Хартија, најлони, картонски кутии, пластични шишиња, отпадоци од храна и облека, се расфрлани околу добиточниот пазар во селото Долно Којнаре, кои ги остават продавачите во сабота и недела.
Дрекслмајер донираше специјално возило за лицата со посебни потреби во Куманово Oпштина Куманово доби специјално транспортно возило наменето за лицата со посебни потреби од компанијата Дрекслмајер.
Распишани се претседателските и парламентарни избори, ќе се одржат на 24 април и 8 мај Претседателот на Собранието Јован Митрески ги распиша претседателските и парламентарните избори. Првиот круг од претседателските избори е закажан за 24 април, а на 8 мај ќе се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори.
Димитриевски поднесе кривична пријава против Спасовски и МВР Партијата ЗНАМ и нејзиниот претседател Максим Димитриевски, поднеле тужба против поранешниот министер Оливер Спасовски и МВР, поради проблемите со издавањето на личните документи.
Во „Чистота“ незаконски се намалени платите на работниците, обвини синдикатот, директорот вели се е по закон Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) го обвини Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово, дека незаконски ги намалил платите на вработените, и еднострано го раскинал договорот што самиот го потпишал.
Над 27 илјади нови лични документи издале управните служби во Куманово од 15 декември до 8 февруари Од 15 декември минатата година до 8 фебруари, управните служби на СВР Куманово издале над 27 илјади лични документи.
Граѓаните можат да влезат во Србија со личните карти без „Северна“ Граѓаните без проблем можат да остварат излез од државата кон Србија и со лични карти кои го немаат новото име на државата со додавката „Северна“, но се важечки според датумот на важност испишан на нив.
Концерт на Младинскиот оркестар по повод денот на виното и љубовта Младинскиот оркестар на Центарот за култура Куманово вечерва, 14 фебруари, со почеток во 19 часот ќе одржи концерт посветен на виното и љубовта. На репертоар ќе бидат популарни, добро познати мелодии од домашни, регионални и странски пејачи.
Бесплатна ќе биде замената на возачките и сообраќајни дозволи, нема да се плаќаат ни патните карти во амбасадите Замената на возачките и сообраќајните дозволи од утре ќе се врши бесплатно, а без надомест ќе бидат издавани и патните листови на македонските државјани во странство, кои немаат пасоши со „Северна“, а треба да се вратат во Македонија да ги променат, кажаа од Владата.