„Граѓански форум“ - формирано ново здружение на граѓани во Куманово Во Куманово е формирано ново здружение на граѓани „Граѓански форум“, кое најавува дека ќе биде стручно, компетентно и авторитетно, а не политичко и партиско тело.
Промовирана книгата „Могу ли ја са вама да разбијем воз“ во Занаетчискиот дом Навивачите на ФК „Црвена Звезда“ синоќа се собраа во Занаетчискиот дом во Куманово на промоцијата на книгата „Могу ли ја са вама да разбијем воз“ од авторот Зоран Тимиќ - Тима, посветен навивач од Белград.
Српскиот ансамбл „Коло“ ќе одржи концерт во Куманово Националниот ансамбл на Србија „Коло“ во утре /сабота/ од 19 часот ќе одржи целовечерен концерт во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Владата и Општината субвенционираат 40.000 денари за приклучок на гас во Куманово Граѓаните можат да се приклучат на гасоводната мрежа за само 9.200 денари, ако ги искористат мерките за субвенционирање кои ги одобруваат Владата и Општина Куманово.
Концерт на пијано на Горјан Стојановски во Центарот за култура во Куманово Во Центарот за култура во Куманово утре /петок/ со почеток во 19 часот концерт на пијано ќе одржи Горјан Стојановски од Битола, студент на Факултетот за музички уметности во Скопје, во класата на вонредниот професор Елена Атанасовска.
Заврши реконструкцијата на патот Зебрњак - Младо Нагоричане, во тек е постапка за изградба на патот Новосељане, Косматац и Мургаш, објави СДСМ Владата предводена од СДСМ одвоила средства за реконструкција на патот патот Зебрњак - Младо Нагоричане, во тек е постапка за асфалтирање на локаниот пат Новосељане, Косматац и Мургаш.
Во тек е мерката за субвенционирање при вработување Центарот за вработување од Куманово, во согласност со Оперативниот план, објави повик до заинтересираните невработени лица и работодавачи за учество во мерката субвенционирање на вработување, чија цел е поддршка за вработување на невработени лица кои потешко се вклучуваат во пазарот на трудот.
Ќе се формира одбор за поставување на спомен обележја - Левица бара споменик на бранителите, ДУИ на ОНА Советот на Општина Куманово донесе одлука да формира одбор за изработка на програма за подигање на спомен-обележја во Куманово. Задачата на овој одбор ќе биде да разгледува и одлучува кои истакнати личности и важни настани треба да добијат споменик или манифестација во градот.
Фармацевтски техничар и дентален асистент - најбарани струки во Државниот средношколци центар „Киро Бурназ“ во Куманово Насоката за фармацевтски техничар воведена за првпат минатата учебна година и новата струка дентален асистент која почнува од оваа учебна година, се струките кои предизвикуваат најголемо внимание за запишување во прва година во Државниот средношколски центар „Киро Бурназ“ од Куманово.
Изложба „Самоуки“ во Центарот за култура во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово утревечер /четврток/ во 20 часот ќе биде отворена изложбата “Самоуки 2023“.
Промовирана новелата „Што ми остана од тебе“ на Ана Љубиќ Краткиот роман „Што ми остана од тебе“ на Ана Љубиќ од Куманово синоќа беше промовирана во Занаетчискиот дом во Куманово.
Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Никола Тесла“, вредна 300.000 евра Од минатата недела започна реконструкција и поставување на нови цевки на водоводна мрежа на улицата „Никола Тесла“, која со години наназад е една од најслабите алки во водоснабдителниот систем во Куманово.
Светски познатата клиника „Vatanmed“ со исклучителни годишни попусти Клиниката за трансплантација на коса„Ватанмед“, позната по своите исклучителни резултати, најсовремената технологија и посветеност на задоволството на клиентите, ја објавува својата долгоочекувана годишна понуда за трансплантација на коса.
Советот на една година го суспендираше ДУП-от кај „Школска амбуланта“, кој го донесе пред 18 месеци Советот на Општина Куманово го супендираше Деталниот урбанистички план (ДУП) кај „Школска амбуланта“, кој го донесе пред 18 месеци со образложение дека го загрозува јавниот интерес.
Изложба на Марина Цветановска Мартиновска во Македонскиот културен центар во Њујорк Мултимедијалната изложба „Помеѓу празното и празнината“ на авторката Марина Цветановска Мартиновска од Куманово е отворена во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД, со поддршка на Министерството за култура.
На Куманово му недостигаат 33 пожарникари, Старо Нагоричане со најстар возен парк Во кумановската Противпожарна единица недостигаат 33 пожарникари за целосна екипираност на единицата, согласно законски пропишаниот минимум, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации.