Продолжен рокот за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и за домување Бројот на предвидени корисници за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и за обезбедување помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица – корисници на гарантирана минимална помош, што ги обезбедува Општина Куманово од Програмата за социјална заштита за 2023 година се уште не е целосно пополнет.
Промоција на книгата „Што ми остана од тебе” од Ана Љубиќ во Куманово Во Занаетчискиот дом Куманово вечерва во 19.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Што ми остана од тебе“ од авторката Ана Љубиќ.
Траен запис на староградската песна за пет деценискиот јубилеј на „Распеани Паланчани“ (видео) Најпознатите староградски кривопаланечки песни ќе бидат запишани во збирка која ја подготви младиот Филип Додевски од Крива Паланка, по повод 50-годишниот јубилеј на КУЗ „Распеани Паланчани“.
Кумановци дел од организирана меѓународна група за криумчарење мигранти, десетмина приведени Организирана меѓународна група од Македонија, Србија, Бугарија, Унгарија, вршела криумчарење на мигранти од Грција кон Унгарија и од Бугарија кон Србија, со крајна дестинација во земјите на ЕУ.
Промоција на книгата „Могу ли и ја са вама да разбијем воз“ од Зоран Тимиќ Тима во Куманово Во Занетчискиот дом во Куманово во четврток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Могу ли и ја са вама да разбијем воз“ од Зоран Тимиќ Тима, од Белград, Србија.
Флекс кредит го одбележува третиот роденден Флекс Кредит доверлив лидер во финансиската индустрија, гордо одбележува 3 години на извонредност, иновација и услуга насочена кон клиентите.
За викенд казнети 129 возачи, 88 возеле побрзо над дозволеното Полициски службеници викендов спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.
Општината сака да го суспендира ДУП-от кај „Школска амбуланта“, жителите поднесоа петиција да остане Жителите на улиците околу гимназијата „Гоце Делчев“ и “Школската амбуланта“, бараат од Општина Куманово да ја повлече од дневен ред точката за суспендирање на Деталниот урбанистички план (ДУП) во нивниот урбан блок, која треба утре да се најде на седница на Советот на Општина Куманово.
Здравствената насока и електротехничар за компјутерска техника најбарани во „Наце Буѓони“ Од стручното училиште „Наце Буѓони“ излегуваат образовани и обучени кадри чии занимања се дефицитарни на пазарот на труд, беше кажано на „Отворениот ден“ за деветооделенците од Куманово, кој се одржа минатата недела.
Утре седница на Совет со 19 точки на дневен ред Сoветот на Општина Куманово утре /вторник/ ќе одржи редовна седница, на која ќе се расправа по 19 точки на дневен ред. Советниците ќе одлучуваат по извештаи за работа на две јавни претпријатија, за нови вработувања во старскиот дом, за суспензија на ДУП-от спроти „Рамстор“, за избор на членови на комисии и др.
Ученици од „Браќа Миладиновци“ ја промовираа најновата книга на писателот Трајче Кацаров Основците од V1 од училиштето „Браќа Миладиновци“ заедно со нивната учителка Маја Поп Арсова беа главни промотори на најновата збирка „Поли“ на македонскиот писател Трајче Кацаров, која се одржа во Градската библиотека во Куманово.
Се реконструираат улици и се уредува просторот околу новиот трговски центар во Куманово (фото) Интензивно се работи на уредување на просторот, реконструкција и проширување на улиците околу новиот стамбено - деловен центар, кај зелениот пазар, кој наскоро треба да биде пуштен во употреба.
„Бучен Козјак“ го прослави роденденот и Денот на млекото со своите најмали потрошувачи во Куманово Реномираната компанија за преработка на млеко и прозводство на млечни производи „Бучен Козјак“, вчера го прослави Светскиот ден на млекото и 40-тиот роденден со своите најверни потрошувачи - децата, на градскиот плоштад во Куманово.
Петок пред Духовден, неработен за граѓаните од православна вероисповед Петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.
Театрите на Куманово и Плевен ќе работат на заеднички проекти, потпишан и меморандум за соработка Директорите на Центарот за култура Куманово, Сашо Тодоровски и на Драмскиот-куклен театар од Плевен, Бугарија Димитар Кабаков, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.
По 15.000 денари добија кумановските занаетчии кои ја чуваат традицијата на старите занаети Десетмина занаетчии денеска добија помош од 15 илјади денари од Општина Куманово, затоа што ја чуваат традицијата на старите занаети.