Празничниот викенд ја зголеми фреквбенијата на возила и патници на Граничниот премин Табановце, кои одлучија да ги поминат празниците во туристичките места во Србија или останатите земји во регионот.
Валбон Лимани од коалицијата „Вреди“ денеска на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата Вреди за полнење кутии во Липково.
Ученици од прва и третта година на Гимназијата „Гоце Делчев“ со професорката Валентина Јовановска, учествуваа на креативната работилница „Шарено јајце“ во НУ Музеј Куманово.
Вчера во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на целата држава.
Во текот на продолжениот викенд времето ќе биде променливо облачно време со спорадични, локални врнежи од дожд. Метеоролозите најавуваат дестабилизација на времето од пладневните часови во четврток.
Креативна работилница за декорирање на велигденски јајца ќе се одржи утре од 11 часот во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово. Манифестацијата се одржува по трет пат, а ја организира Здружението „Живот“.
Десетмина членови на неформалниот забавен спортски клуб „СУМА - Наша маала“ од Куманово учествуваа на 37. Белградски маратон, кој викендов се одржа во Србија.
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа ги повика кумановци масовно да излезат на изборите и да го поддржат концептот кој нуди иднина на државата.
Регионалната синдикална канцеларија Куманово утре ќе учествува на традиционалниот Првомајски протестен марш во Скопје, кој оваа година ќе се одржи под мотото „Ние работниците за социјална правда“., по повод Денот на трудот.
Тамара Даиловска од СОУ „Перо Наков“ и Мила Цветановска од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ се добитнички на први награди и прогласени се за лауреати, за онлјан учество на два престижни меѓународни литературни...
Центарот за култура од Куманово го распиша конкурсот за изложбата „Самоуки 2024“, за неакадемските уметници во Куманово. Заинтересираните можат да се пријават до 27 мај, а изложбата ќе се одржи кон средината...
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека среда и понеделник се неработни за сите граѓани, a петок само за граѓаните од православна вероисповед.