×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Малолетник предизвикал пожар во затворот К`шање, полицаец хоспитализиран заради загушување

    Малолетник предизвикал пожар во затворот К`шање, полицаец хоспитализиран заради загушување

    Еден полицаец е повреден во вчерашниот пожар што избувнал во една од собите во притворското одделение во Казнено поправната установан „Куманово“, затвор К'шање. Полицаецот е задржан во Кумановската болница поради вдишан чад и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.

    Утре седница на Совет - на дневен ред 27 точки

    Утре седница на Совет - на дневен ред 27 точки

    Во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации утре ќе се одржи 15. седница на Совет на Општина Куманово. На дневен ред се 27 точки,  меѓу кои  финансиски извештаи на јавните претпријатија, предлог - одлуки за нови вработувања според годишниот план, квартален извештај за реализација на буџетот и др.

    Притвор за разбојник кој нападнал и одзел паричник од кумановец

    Притвор за разбојник кој нападнал и одзел паричник од кумановец

    Основниот суд во Куманово му определи притвор во траење од 30 дена на 23-годишник од Велес, со привремено престојувалиште во Куманово, кој е осомничен за кривично дело – разбојништво од  член 238, став 1, од Кривичниот законик.  

    Општина Куманово набави возила и опрема за зимско одржување на улиците

    Општина Куманово набави возила и опрема за зимско одржување на улиците

    Со кредит од Светска Банка во износ од 62 милиони денари Општина Куманово набави опрема и современа механизација, за  јавните претпријатија „Чистота и зеленило“, „Куманово гас“ и „Куманово-паркинг“. Купени се камиони за зимско одржување на улиците, ровокопачи, трактори, дополнителна опрема и механизација, и пајак-возило.

    Нулта толеранција за насилство врз жените - порака од Форумот на жени на СДСМ

    Нулта толеранција за насилство врз жените - порака од Форумот на жени на СДСМ

    Нашите заложби се за градење на фер, праведно и еднакво општество базирано на принципите на родова еднаквост во секој сегмент од живеењето. Цврсто стоиме на заложбата за нулта толеранција за насилство врз жените и девојките, кажа Сања Јовановска, претседателка на Комисијата за родова еднаквост на Форумот на жени на СДСМ Куманово, по повод отпочнување на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која започна денеска на 25 ноември - Меѓународен ден за елиминација на насилство врз жените и трае до 10 декември - Меѓународниот ден на човековите права.

    „Блек Фрајдеј“ – колку ги следиме светските трендови и дали е оправдан терминот  кај нас

    „Блек Фрајдеј“ – колку ги следиме светските трендови и дали е оправдан терминот кај нас

     Низ градот, на продавниците или на билборди, ТВ реклами, радио реклами,промоции на социјалните мрежи, го нагласуваат последниот петок во ноември како „Блек фрајдеј“ - ден кој знае да се протегне и за време на  викендот,но и на целата недела.

    10.000 жени се вработени или работно - оспособени  со мерките на Владата

    10.000 жени се вработени или работно - оспособени со мерките на Владата

    За нецели 2 години  преку мерките на Оперативниот план за активни програми и мерки,  се вработиле   3.370 жени, а со вештини и квалификации барани на пазарот на трудот се стекнале 6.035 жени, односно речиси 10.000 жени се вработени или работно- оспособени, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска,  на настан насловен „Зајакнување на позицијата на жените во приватниот сектор“, организиран од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, како членка на Алијансата за родова еднаквост при Асоцијацијата за е-трговија.

    Искршената ограда меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Драган Стопаревиќ“ заменета со нова

    Искршената ограда меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Драган Стопаревиќ“ заменета со нова

     Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ утринава монтираа нова ограда меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Драган Стопаревиќ“ во Куманово. Иако беше најавувано дека ќе се намести бетонски ѕид  или некоја појака заштитна банкина, сепак изработена е потполно иста  ограда како поранешната.