Кумановскиот спортист Бранимир Јовановски одликуван со Орден „8 Септември" од претседателот Пендаровски Истакнатиот стрелец и тренер Бранимир Јовановски е еден од четворицата спортисти во државата, кои претседателот Стево Пендаровски оваа година ги одликуваше со Орден „8 Септември", по повод Денот на независноста на Македонија. Признанието им е врачено заради особен придонес за државата, на свеченост во претседателската вила на Водно.
Кривични пријави за бесправна градба за двајца кумановци Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Џ.И.(71) и М.И.(66), двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Владата инвестира во инфраструктурата во образованието - се реновираат училишта се градат спортски сали, кажа Тушевски Реконструкција на државното училиште „Киро Бурназ“ и Гимназијата „Гоце Делчев“, изградба на спортски сали во училиштата „Наце Буѓони“ и „Перо Наков“, нова училишна зграда на „Сами Фрашери“ и реконструкција на кровот на основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, се само дел од проектите во кои Владата предводена од СДСМ инвестираше во изминатите неколку години, или ќе ги реализира во наредниот период со цел да ги подобри условите за образование на младите во Куманово, кажа претседателот на општинската организација на СДСМ Александар Тушевски, на денешната прес-конференција пред училиштето „Киро Бурназ“.
Кумановец фатен додека крадел во автомобили Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 10.45 часот го лишиле од слобода Д.З.(29) од Куманово, под сомнение дека извршил две кражби во центарот на Куманово.
Две патнички возила и еден автобус вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација Полициски службеници на граничниот премин „Табановце“ утврдиле кршење на законите кај две патнички возила и еден автобус, кои вршеле меѓународен превоз на патници.
Георгиевска реизбрана за претседателка на локалниот Форум на жени на СДСМ Куманово Јасмина Георгиевска е повторно избрана за претседателка на локалниот Форум на жени на општинската организација на СДСМ Куманово. Георгиевска е именувана од претседателката на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска.
Денови на комедија од годинава со натпреварувачки карактер - на репертоар 12 претстави од регионот Меѓународниот театарски фестивал – Денови на комедијата во Куманово од оваа година ќе биде со натпреварувачки карактер. Претставите ќе ги оценува стручно жири избрано од советот, кое ќе прогласи најдобра претстава, женска и машка улога, потоа сценографија, костимографија и режија.
Владата да го отпише долгот од 2,5 милиони евра на „Водовод“ кон „Водостопанство“ како во другите градови, бара Советот на Куманово Кумановскиот Совет бара од Владата да го отпише стариот долгот на ЈП „Водовод“ кон АД „Водостопанство“ во висина од 151 милион денари (околу 2,5 милиони евра) за да се одблокира сметката на претпријатието и тоа да може нормално да функционира.
Овчар пукал со пушка кон кучиња, погодил и повредил човек Овчар пукал со воздушна пушка кон кучиња и повредил случаен минувач во селото Војник, општина Старо Нагоричане.
Бесплатен влез во Кумановскиот музеј на 8 Септември Со бесплатен влез, НУ Музеј Куманово ќе го одбележи 8 Септември - Денот на независноста на Македонија.
Претставата „Ковачи“ вечерва во Центарот за култура Новата претстава „Ковачи“ од Алек Попов, во режија на Деан Дамјановски, вечерва (вторник) во 20 часот ќе биде изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово.
Приведена Србинка, крадела во маркет во Куманово Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 15.30 часот ја лишиле од слобода Д.А.(34) од Република Србија, затоа што . се сомничи дека во текот на денот извршила кражба во маркет на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово.
Пукна водоводна цевка на „Никола Тесла“ и ја поплави улицата Пукната азбесна цевка ја поплави улицата „Никола Тесла“. Жителите кажуваат дека цевката пукнала утринава околу 5.30 часот, а од тротоарот излегувал гејзер од вода.
Иван Димитриевски нов претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ Куманово Иван Димитриевски е избран за нов претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ ОК Куманово, одлучи извршниот комитет што се одржа викендов. Тој е магистер по бизнис и администрација на Универзитетот Лондон Метрополитен.
Поевтинуваат бензините за два, дизелот за 1,5 денари Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за 2 денара по литар, а на еуродизел (Д-Е V) за 1,5 денари. За три денари поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисијата за енергетика.
Над 95% од кумановските матични лекари се приклучија на протестот, се примаат само итните случаи Над 95 отсто од приватните лекари во Куманово се приклучија на тридневен протест со кој се бара зголемување на капитацискиот бод поради порастот на трошоците на животот.