Во тек е оглас за нови вработувања во Општина Куманово, платите од 19 до 28 илјади денари
Веќе десет дена трае огласот за вработување на 12 државни службеници во Општина Куманово.
Веќе десет дена трае огласот за вработување на 12 државни службеници во Општина Куманово.
Сите заинтересирани за учество на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“, кој ќе се одржи на 6 мај на Градскиот плоштад , имаат можност да се пријават до 28. април во Фондацијата за култура и...
Во големата сала на Центарот за култура Трајко Прокопиев во Куманово утре во 20 часот ќе биде изведена Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ .
Изложба на велигденски јајца и промоција на литературни творби посветени на големиот христијански празник Велигден, беа дел од манифестацијата „Велигден-ист, на различен начин“ во организација на Здружението „Живот“ од Куманово.
Бензинот еуросупер-95 поскапува за половина денар, а за толку поевтинува екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
По повод Светскиот ден на културното наследство - 18 април, денеска бесплатен ќе биде влезот во сите музеи и локалитети низ државата.
Жителите на улиците Доне Божинов, 502 и 503, што во близина на Спомен-костурницата во Куманово, се жалат дека повеќе од седум години не добиваат писма ни пратки на домашната адреса затоа што...
Не се почитуваат замрзнатите цени на земјоделските производи на зелениот пазар во Куманово, на неколку дена пред Велигден.
Во деновите на велигденските празници јавниот превоз ќе биде редуциран, односно ќе функционира само два дена.
На градскиот плоштад во Куманово, во вторник, вториот ден на Велигден, со почеток во 12 часот ќе се одржи манифестацијата „Велигден, ист на различен начин“, која ја организира Здружението „Живот“, од Куманово.
Големата дупка, која повеќе од еден месец зјаеше незаштитена на Градскиот кеј во Куманово, конечно е затрупана со земја. Работата ја заврши екипа од ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците 14 април - петок, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.
Централното одбележување на големиот христијански празник Велигден ќе биде во храмот „Св.Никола“ во Куманово, а со литургиите ќе чиноначалствува владиката Григориј. Празнично ќе биде во сите останати цркви во градот и селата.
Во Уметничката галерија на Музеј-Куманово утревечер во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Филип Фидановски, под наслов „Пикасо можеби јас“.
Околу 1.200 новозаболени од рак на дојка се регистрирани во текот на минатата година во Македонија, поради тоа што не одат редовно на преглед.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија рано утринава регистрираше два земјотреса 70 километри југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Свети Николе - Штип.