Дедо Мраз ги посети штитениците во „Порака наша“
Штитениците на дневниот центар „Порака наша“ денеска добија пакетчиња од Општина Куманово и приватни фирми, кои традиционално ги посетуваат по повод новогодишните и божиќните празници.
Штитениците на дневниот центар „Порака наша“ денеска добија пакетчиња од Општина Куманово и приватни фирми, кои традиционално ги посетуваат по повод новогодишните и божиќните празници.
Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска започнува етапната исплата на пензиите за месец декември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Единица за корупција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против...
Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва од 20 часот новогодишен концерт на пијано ќе одржат Мартина Аврамовска и Андреј Наунов, солисти во Македонската опера и балет од Скопје.
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката...
По осми пат во Куманово ќе се одржи детската бадникова поворка, која го најавува Христовото раѓање. Поворката ќе тргне од Соборниот храм „Свети Никола“ и ќе помине низ улиците во централното градско...
Во синоќешната полициска акција на граничниот премин Табановце се уапсени деветмина полицајци, меѓу кои и командир, заменик командир и раководител на смена.
Самир Салиевски од Куманово од вчера (недела) е пријавен за исчезнат. Случајот во полиција го пријавиле од семејството.
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која меѓу другото ќе се расправа за Предлог - буџетот на Општина Куманово за наредната година. На дневен ред се 26 точки,...
Во Салонот на Уметничката галерија во Куманово вечерва во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на слики на академскиот уметник Мирослав Величковски - Мире.
На граничниот премин „Табановце” во тек е акција на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Со сечење на бадникови гранчиња во которското селото Колицко денеска започаа подготовките за одбележување на годинешнава прослава на Бадник, што по 25-пат го организира Здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово.
Форумот на жени СДСМ Куманово ќе подели над 400 новогодишни пакетчиња на деца од социјално загрозени семејства како и дечињата на Одделот за онкологија на Детска клиника во Скопје.
Здружението „Коледари - чувари на традицијата“ од Куманово утре ќе ги берат бадниковите гранчиња во селото Колитско.
Пред новогодишните и божиќни празници, зголемена е фреквенцијата на возила и патници на граничниот премин „Табановце“ на македонско-српската граница за влез во државата. Тоа создаде гужви на границите, па граѓани од преминот...
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со...