Пронајден починат работник на патот Ранковце – Крива Паланка Во ОВР Крива Паланка вчера во 8 часот било пријавено дека во барака на градежна фирма на патот Ранковце – Крива Паланка бил пронајден починат работникот М.Б.(56) од село Орашац, кумановско.
Девојка од Куманово со вереник од Прешево меѓу патниците во автобусот за Истанбул Сите се граѓани на Северна Македонија, од повеќе националности се, но има и еден граѓанин од Прешево, Србија, кој заедно со вереницата од Куманово бил во Истанбул на прошетка. На листата видовме и дека има едно лице со белгиско државјанство, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска, заедно со министрите за здравство и за надворешни работи, Венко Филипче и Бујар Османи, ги посети седумте хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија.
46 загинати во македонски автобус кој се превртел во Бугарија Четириесет и шест лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот Струма, од Софија за Благоевград.
Попусти до 80 отсто во РиверСофт цела недела пред Black Friday Големи попусти, изненадувања и подароци подготвуваат во салонот за бела техника и компјутерска технологија РиверСофт по повод Black Friday.
Двајца починати и шест нови случаи на ковид-19 во Куманово Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираат дека во последните 24 часа регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.179 тестирања.
Дизелот поевтин за 1,5 денари, бензините остануваат по иста цена Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која од вечер на полноќ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03%, при што намалување има кај Еуродизелот, екстра лесното масло за домаќинство и мазутот, додека цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98остануваат исти.
„За наше Куманово“ и ВМРО-ДПМНЕ договорија мнозинство во Советот - Ивана Ѓорѓиевска претседателка Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди мнозинство во Советот на Општина Куманово.
Утре ќе се конституира новиот Совет на Општина Куманово Утре ќе се одржи првата - конститутивна седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред се пет точки, меѓу кои и најзначајната избор на претседател на Советот.
Еден починат и 20 новозаболени од ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.633 тестирања.
Казнети 50 возачи за брзо возење на територија на СВР Куманово Денеска во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Куманово спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санционирани се 50 возачи.
Шеснаесет нови случи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 449 новислучаи на ковид-19, а направени се 3.859 тестирања.
Казнети 68 возачи за брзо возење на автопатот Куманово - Скопје Во зајакната радарска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес полицијата казни 68 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина.
Нови 10 случаи на ковид-19 во Куманово Во изминатите 24 часа регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19, направени се 2.938 тестирања.
На 7,5 години затвор е осуден возачот кој ја предизвика сообраќајката во која загина Јелена Филиповиќ Казна затвор во траење од 7,5 години е осуден кумановецот Н.С., возачот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина кумановка Јелена Филиповиќ.
Никој не може да ме враќа во партија од која никогаш не сум излегол, порача Димитриевски Откако вчера генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, најави дека партијата ќе се обиде да го врати Максим Димитревски во своите редови, градоначалникот на Куманово одговори дека никој не може да го враќа во партија од која никогаш не излегол.