Британија ја одобри вакцината против ковид-19 на „Фајзер“, имунизацијата почнува следната недела Велика Британија стана прва земја на светот која ја одобрила широката употреба на вакцината против ковид-19 што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“. Британскиот регулатор соопшти дека вакцината, која обезбедува 95-процентна заштита од ковид-19, е безбедна за употреба.
ВМРО-ДПМНЕ денеска на протест во Куманово ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот ќе одржи протес во 15 градови ширум државата.
Во Куманово тројца починати, 60 новозаболени и 111 оздравени Во последните 24 часа регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19, а направени се 3012 тестирања.
Две лица пријавиле дека се нападнати во Центарот за социјални работи Куманово Во Кумановската полиција вчера две лица пријавиле дека биле нападнати во Центар за социјални работи Куманово.
Банките да воведат редарски служби заради безбедност на клиентите, побара Кризниот штаб Банките и други правни субјекти коишто вршат шалтерски исплати и наплати на средства да воведат дополнителни редарски служби кои ќе го контролираат и регулираат движењето на нивните клиенти во периодот на чекање пред деловните објекти со цел да се почитуваат мерките и препораките за заштита од ковид -19 со почитување на дистанца на клиентите, препорача кризниот штаб на денешниот состанок.
Ретроспективна изложба на Мирослав Трендафиловски во Центарот за култура Ретроспективната изложба „45 години творештво на Мики Трендафиловски“, во ќетврток ќе биде поставена во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Граѓаните можат да учествуваат во креирањето на буџет на Куманово за 2021 година Граѓаните на Општина Куманово од денеска можат да се вклучат во креирањето на општинскиот буџет за 2021 година.
Во Куманово 10 новозаболени од ковид-19 Во последните 24 часа регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19, а направени се 1181 тестирања.
Прекинати мерките за заштита од загадениот воздух во Куманово Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека престануваат да важат мерките за алармирање во Тетово, Куманово и Кавадарци, кои беа воведени во саботата кога беше констатирано дека два дена по ред беше регистррана загаденост на воздухот над максимално дозволените вредности.
Куманово ќе добие регионален центар за средно стручно образование и обука Во Куманово ќе се создаде еден од трите регионални центри за средно стручно образование, откако ќе се воспостави нов концепт на средното стручно образование, најави министерката за образование и наука Мила Царовска.
Повозрасните жени се` почесто жртви на семејно насилство во Куманово Жени на возраст над 60 и 70 години се` почесто се жртви на семејно насилство во Куманово.
Сообраќајот се одвива по влажни коловози - слаб снег на Страцин и Шапка Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без проблем во сообраќајот, информираат од АМСМ.
Четворица починати и 49 новозаболени од коронавирус во Куманово Четворица пациенти починаа од компликации на ковид-19, а регистрирани се 49 новозаболени во изминатите 24 часа во Куманово.
Нападнат фудбалски судија на стадионот „Башкими“ Х.Б.(25) од Скопје вчера во Кумановската полиција пријавил дека околу 13.00 часот на фудбалски стадион „Башкими“, на полувреме од фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Башкими“ од Куманово и ФК „Њустарс“ од Скопје, каде што бил делегиран за главен судија, бил физички нападнат од повеќе лица.
Повеќе оздравени од заболени од коронавирус во изминатото деноноќие во Куманово Во Центарот за јавно здравје во изнинатите 24 часа регистрирани се нови 30 случаи на ковид-19 и 34 оздравени пациенти.
Почнаа превентивни конзерваторски интервенции на црквата Св.Богородица во Матејче Националниот конзерваторски центар - Скопје започна со превентивни конзерваторски интервенции на црквата Св. Богородица во Матејче, за ова културно добро да се заштити од надворешни влијанија во зимскиот период, објави министерката за култура Ирена Стефоска.