Еден починат и 29 нови случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа направени се 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 271, Прилеп 33, Куманово 29, Тетово 26, Велес 20, Штип 19, Крива Паланка 3, Свети Николе 5, Пробиштип 4, Кратово 3 и др.
Двајца починати и 15 новозаболени од коронавирус во Куманово Двајца пациенти ја изгубија битката со коронавирусот, а 15 се новозаболени во изминатото деноноќие во Куманово.
Притвор за дилер од Куманово Полицискитe службеници од СВР Куманово, завчера во 20.30 часот извршиле претрес кај Д.Д.(28) од Куманово, при пронашле кокаин.
Ноќеска почнува зимското сметање на времето Вечерва во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час поназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот.
Во Куманово нови 13 случаи на ковид-19 Во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19. По градови во:Скопје 261, Тетово 30, Струмица 23, Прилеп и Битола 21, Штип 19, Куманово 13, Крива Паланка 4, Свети Николе 8 и др.
Работник паднал и починал на работно место во фабрика Педесет и тригодишен скопјанец вчера паднал и починал додека извршувал работни задачи во фабрика во Куманово, соопшти МВР.
Рекордни 43 новозаболени од коронавирус во Куманово, 640 во државата Се зголемува бројот на новозаразените од корона во Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Денеска се регистрирани рекордни 43 нови слуачи.
Регионалните депонии никако да заживеат, критики од Европската комисија, Владата трага по финансии За управувањето со отпадот и оваа година добивме критики во Извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја кон ЕУ. Во однос на управувањето со отпадот, од ЕК критикуваат дека законите за управање со отпад сè уште не се донесени.
Куманово конечно е Општина без долгови, кажа Димитриевски По осум годишна финансиска блокада, Општина Куманово од пред неколку месеци е со одблокирана сметка. Куманово конечно е општина без долгови. Со транспарентно и одговорно менаџирање со средствата, како и дополнителна помош од Владата, успеавме во изминатиот период да ги вратиме долговите и да ја направиме Општината подготвена за нови инвестиции, изјави градоначалникот Максим Димитриевски, кој ги презентираше активностите и проектите реализирани во изминатата година, а по повод тригодишниот мандат.
Промоција на книгите „Страв од варвари„ и „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на книгите „Страв од варвари„ и „Лето во кое те нема“ од кумановецот Петар Андоновски.
Се зголемува бројот на заболени од ковид-19 во Куманово, регистрирани нови 26 случаи Во последните 24 часа направени се 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19.
Градоначалникот Димитриевски побара поддршка за втор мандат Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски побара поддршка од граѓаните и од матичната партија СДСМ за втор мандат на локалните избори, кои ќе се одржат наредната година.
Приведен кумановец баран со потерница Полициски службеници од СВР Kуманово го привеле Љ.С.(45) од Куманово, кој се барал со потерница од Основен суд Куманово за издржување казна затвор во траење од една година и шест месеца за извршено кривично дело по чл.236 од КЗ.
Коцевска: Владата обезбеди 7,5 милиони денари за реконструкција на Соколана Владата обезбеди 7,5 милиони денари за реконструкција на спортската сала Соколана и спортските игралишта покрај неа. Веќе е распишан јавен повик и наскоро ќе започне негова релизација
Од коронавирус почина хирург во Кумановската болница Д-р Драган Тасевски (60) , доктор специјалист, вработен на хируршкото одделение во Општата болница Куманово почина од коронавирус.
ВМРО-ДПМНЕ одржа протест во Куманово Во централното градско подрачје на Куманово, синоќа се одржува протест со возила на членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.