Од петок се отвoраат границите и аеродромите без никакви ограничувања Владата денеска донесе одлука од петок, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила, врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести.
Во Куманово девет новозаболени од коронавирус, во Липково нема нови случаи Девет нови случаи на заболени од ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Производите за „купувам домашно“ треба да бидат на посебни рафтови или со видна ознака Македонските производи за купување со домашна платежна картичка, согласно дополнетата уредба од Владата, треба да бидат изложени на посебни рафтови или гондоли со ознака „купувам домашно“ или означени со видна налепница „купувам домашно“, заради нивноо полесно препознавање.
Четириесет и втора седница на Советот на Општина Куманово Советот во Општина Куманово, утре ќе одржи редовна седница. Седницата ќе се одржи во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10 часот.
На 15 јули одиме на победа, порачуваат од СДСМ на ден пред почетокот на кампањата На 15 јули одиме на победа за сите нас, затоа што можеме, сите заедно, уште повеќе и уште подобро, рече на денешната прес-конференција Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово, на ден пред официјалниот почеток на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори.
Финишира изградбата на спортската сала во Техничкото училиште во Куманово Заврши изградбата на надворешниот објект на спортската сала на Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово. Во моментот се работи на уредување на внатрешноста на салата.
Казината започнуваат со работа, наскоро и фитнес центрите На вчерашната владина седница беа донесени протоколите за отворање и нормализирана работа на казината.
Ја турнал сосетката на улица и тешко ја повредил Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.В.(68) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
Во Куманово двајца новозаболени од коронавирус Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на КОВИД-19.
Казнети 63 лица за неносење маска за време на викендот Во Кумановската полиција во изминатиот викенд регистрирани се вкупно 63 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.
Кумановци осомничени за убиство во обид и насилство Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.З.(30) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“, А.Г.(27) и Д.П.(26) двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.
Бутик „Мија“ со нова летна колекција и изненадувања за дамите Во пресрет на летната сезона пристигна новата колекција на женска облека во бутикот „Мија“.
Се зголемуваат цените на горивата за 1 денар Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,96% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати.
МВР објави листа на лица на кои не може да им се достават решенија за прекршоци Министерството за внатрешни работи на својата веб страна денеска објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци.
Во Tехничко училиште останаа 177 слободни места за настава на македонски и 193 на албански јазик Во Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, оваа година во првиот уписен рок најголем интерес имало за насоките медицинска сестра и компјутерска техника и автоматика.
Без вода повеќе улици во градот Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останата потрошувачите на повеќе улици во градот, а се врши и реконструкција на канализациона мрежа и на тротоари.